Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ревизорски извештај: Владата се сомнева на криминал со имотот на МЕПСО

0
By Нова ТВ on April 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ревизорскиот ивештај за МЕПСО за 2016 година, кој Владата го усвои на вчерашната седница, ќе биде испратен до Основното јавно обвинителство поради одредени индикативни наоди.

-Има одредени наоди поради кои Владата вчера донесе одлука и заклучи дека овој ревизорски извештај ќе биде испратен до Основното јавно обвинителство со цел овие индикативни наоди да се проверат дополнително и дека доколку Обвинителството смета дека има простор за некакви постапки, да ги започне, изјави на владиниот портпарол на денешната прес-конференција.

Како што посочи Бошњаковски, има два индикативни наоди во извештајот, од кои едниот се однесува на купување на имот од страна МЕПСО во 2012 година, а другиот, исто така за имот на државната компанија, кој не бил впишан во катастарот како нејзин имот, односно имот на државата по раздвојувањето на Електростопанство на Македонија (ЕСМ) во две компании во 2005 година.

-Во 2011 година МЕПСО добил понуда да откупи имот од вкупно 2.178 метри квадратни по цена од 3,7 милиони евра. МЕПСО ја одбива оваа понуда. Две години подоцна истата оваа површина, истиот овој имот, друго правно лице го продава на МЕПСО за 4,8 милиони евра. Ова е првата информација. Втората информација се однесува од времето на двоењето на Електростопанство на Македонија, кога дел од мрежата, далекуводи и сл, трафостаници кои што во сопственост на МЕПСО не биле впишани во катастарот како имот на МЕПСО. Овие објекти ЕВН ги има издадено под закуп и има земено хипотекарен кредит. Во ревизорскиот извештај е наведено дека оваа ситуација мора да се расчисти, односно овој имот е во сопственост на државата, односно на МЕПСО – изјави Бошњаковски.

Во врска со првиот случај, односно купувањето на имотот, во извештајот на Државниот ревизор, се наведува дека образложението на МЕПСО за одбивање на понудата од 3,7 милиони евра за имотот кој бил во истата зграда каде е дирекцијата на компанијата, што Управниот одбор ја донел едногласно, било тоа што компанијата немала пари.

Но, во ноември 2012 година, според извештајот, Управниот одбор на МЕПСО донел одлука за спроведување на постапка за купување на административен деловен простор на истата локација со површина од 2.750 метри квадратни за цена од 4.812.500 евра. Договорот со единствениот понудувач бил склучен на 31 декември 2012 година.

Ревизијата утврдила и дека полномошното за склучување, потпишување и нотарска заврека на договор било дадено на лице, машински инженер вработено како раководител, кое согласно интерните акти на компанијата немало надлежности за извршување на правни работи и не може да биде полномошник.

Што се однесува до вториот случај заради кој Владата ќе го достави извештајот до Основното јавно обвинителство, Ревизорот констатирал селективно постапување на Агенцијата за катастар на недвижности при впишувањето на имотот на МЕПСО.

Имено, со Законот за преобразба на АД ЕСМ во 2005 формирани се АД ЕСМ (сега ЕВН) и АД МЕПСО, и според членот 5-а законот предвидено е Агенцијата за катастар на недвижности по службена должност да изврши евидентирање на средствата во катастарската евиденција во (земјиште и недвижности), што до денот на ревизијата не било направено.

„Со воведувањето на катастарот на инфраструктурни објекти, како дел од катастарот на недвижности, во 2013 година АКН на име ЕВН Македонија извршила запишување во катастарска евиденција на трафостаници, иако истите согласно планот за поделба се во заедничка сопственост со АД МЕПСО“, стои во извештајот, според кој, АКН го одбила барањето од МЕПСО за запишување на правотот на сопственост на инфраструктурните објекти по истиот основ, односно согласно Законот за преобразба.

„Наведеното укажува на селективно постапување на АКН и влијае на остварување на правото на сопственост на АД МЕПСО, дотолку повеќе што врз основа на евидентираните трафостаници чија набавна вредност изнесува 571.308.000 денари засновано е заложно право хипотека во износ од 77 милиони евра што дополнително го отежнува остварувањето на правото на сопственост и влијае на остварување на дејноста на МЕПСО“, стои во ревизорскиот извештај.

Поради сето ова, МЕПСО нема обезбедно имотни листови за 95 недвижни ствари со вкупна набавна вредност од 3.624.968.000 денари.

До моментот на ревизијата МЕПСО имал отпочнато постапка за само за еден линиски инфраструктурен објект, иако во повеќе наврати ја известувал Владата за состојбата со недвижностите кои не се евидентирани во катастарската евиденција.

Влада Извештај МЕПСО обвинителство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.