Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

0
By Xhabir Deralla on September 25, 2026 АНАЛИЗА, ИЗБОР, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 25, 2026 11:31

Судирот меѓу раководството на СДСМ и платформата „Разговори за иднината во 12:05“ не е само уште едно дневно политичко препукување. Реториката ескалира во јавна расправа за иднината на најголемата опозициска партија. Сепак, ова не е ново. СДСМ веќе подолг период се соочува со остри дебати и обиди за консолидација по тешкиот изборен пораз во 2024 година. По поразот на партијата, Венко Филипче беше избран за претседател на партијата на 30 јуни 2024 година со 9.000 гласови, а во април 2025 доби нов мандат на непосредни внатрепартиски избори кога доби 18.000 гласови од своите сопартијци.

Внатрешните разлики повторно станаа јавно видливи во текот на летото годинава, кога дел од актуелни и поранешни функционери почнаа поотворено да бараат реформи во партијата.

Во тој контекст е и вчерашниот јавен настап на „12:05“. Од платформата, во која учествуваат повеќе актуелни и поранешни функционери на СДСМ, се категорични: не се најавува формирање нова партија, туку се предлага пошироко опозициско обединување во кое СДСМ би имал значајна улога, но се бара промена на актуелното партиско раководство и повлекување на Филипче. СДСМ, од друга страна, иницијативата ја претставува како проект што ја слабее опозицијата и создава дефокус, нарекувајќи ја „ЗНАМ 2.0“.

Спорот дополнително добива на тежина бидејќи не завршува со вчерашната размена на дисквалификации. „12:05“ за 26 септември најави нова јавна трибина, „35 години потоа…“, кога се најавуваат и конкретни следни чекори во однос на СДСМ. Тоа сигнализира дека од простор за политичка дебата иницијативата ќе направи обид да се претвори во група за организиран притисок за промена на политичкиот правец на партијата, но и на односите и раководството во самата опозиција.

Што се случи на 24 септември?

На брифинг со новинарите, претставниците на платформата Игор Ивановски, Гордан Георгиев, Андреј Петров, Славјанка Петровска, Никола Ќуркчиев и Емилијан Станковиќ изречно порачаа дека немаат намера да формираат нова политичка партија, ниту да настапуваат со независни листи на парламентарни избори. Нивната декларирана цел е окрупнување на опозицискиот простор и промени во СДСМ.

„Не сме и нема да бидеме нова политичка партија“, порача Ивановски.

Тој наведe дека целта е создавање „граѓанска, мултиетничка платформа“, но и промена на актуелното раководство на СДСМ. Според платформата, СДСМ треба да биде значаен, па и водечки дел од поширок опозициски фронт, но не со сегашното раководство предводено од Филипче.

Од дебата за опозицијата до директен судир со раководството

„Разговори за иднината во 12:05“ првпат јавно се појави на 1 јули. Тогаш иницијаторите ја претставија како демократска платформа за подигнување на нивото на општествената дебата. Во првата средба учествуваа луѓе со различен политички и професионален профил – актуелни и поранешни функционери на СДСМ, пратеници, универзитетски професори, адвокати и граѓански активисти. Средбата беше организирана според правилото „Chatham House“, кое дозволува информациите од дискусијата да се користат, но без откривање кој конкретно ги изнел ставовите.

Самиот назив „12:05“, според образложението на иницијаторите, треба симболично да ја пренесе пораката дека „веќе е доцна, но не е предоцна“ за политички промени.

Но, она што во јули беше претставено како простор за разговор за политичкиот плурализам и состојбата на опозицијата, сега има многу поконкретна политичка насока.

Претставниците на платформата велат дека подолг период се обидувале промените да ги иницираат внатре во СДСМ. Славјанка Петровска изјави дека во изминатите две години водела разговори и со Филипче, но дека тие, според неа, не довеле до суштински промени.

Емилијан Станковиќ, пак, најави дека групата има план за „структурни промени“ во партијата кој најпрво ќе му биде соопштен на Филипче.

Од платформата ги отфрлаат и обвинувањата и шпекулациите за политичка заднина на нивното дејствување. На брифингот на 24 септември нејзините претставници се оградија и од Бранко Црвенковски кој ја предводеше партијата во 1990-те, како и од поранешниот лидер Зоран Заев, додека истовремено упатија остри критики кон актуелната власт и ВМРО-ДПМНЕ.

Со тоа „12:05“ во оваа фаза не настапува како конкурентска партија на СДСМ, туку како организирана политичка иницијатива која се обидува да влијае врз односите и раководната структура во самата партија, паралелно со амбицијата за пошироко опозициско поврзување.

СДСМ: „ЗНАМ 2.0“ и обид за дефокус

Од раководството на СДСМ, сепак, платформата од самиот почеток се гледа сосема поинаку.

Партијата уште пред првата средба во јули ја нарече иницијативата „ЗНАМ 2.0“, тврдејќи дека нејзината цел е дробење на опозицискиот блок. Подоцна Извршниот одбор на СДСМ ги повика незадоволните членови и групи дебатата да ја водат во рамките на партиските органи, а не преку надворешни платформи. Филипче во повеќе наврати тврдеше дека ваквото паралелно организирање ја ослабува опозицијата и ѝ остава поголем политички простор на власта.

По последниот настап на „12:05“, СДСМ дополнително ја заостри реакцијата. Партијата тврди дека тајмингот на барањето за промена на раководството е обид за дефокус од темите што СДСМ истиот ден ги отвори во јавноста: плановите за нови рудници и наводите за приватно финансирано лобирање во САД поврзано со премиерот Мицкоски. Од СДСМ повторно ја нарекоа платформата „ЗНАМ 2.0“ и ја поврзаа со интересите на власта.

Засега, во јавноста не се презентирани докази што би потврдиле дека платформата е организациски или финансиски поврзана со власта, односно со ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за политичко тврдење на СДСМ, кое претставниците на „12:05“ го отфрлаат.

Тензиите дополнително се зголемија по спорот меѓу Филипче и Ќуркчиев околу компанија што добила договор од Железници. Филипче го употреби случајот како аргумент за своите обвинувања кон платформата, додека Ќуркчиев категорично ги отфрли наводите дека е сопственик или содружник во компанијата и најави правна постапка. Платформата потоа објави дека до СДСМ доставила демант и опомена пред тужба.

Следната средба на 26 септември

Новиот тест за насоката во која ќе се развива иницијативата ќе биде на 26 септември, кога „12:05“ организира нова средба насловена „35 години потоа…“, посветена на развојот на земјата од независноста до денес, политичкиот систем, направените грешки и идните предизвици. И оваа дискусија е најавена според правилото „Chatham House“.

Според најавите, платформата ќе ги формулира конкретните чекори и барања до раководството на СДСМ.

Развојот на настаните упатува на заклучокот дека веќе не се работи за страничен внатрепартиски спор со или уште една дебатна иницијатива. Децибелите со кои актуелното раководство на СДСМ реагира, е еден од доказите за тоа. Во средиштето на овие настани е прашањето кој и на кој начин ќе го определува идниот правец на СДСМ – актуелното раководство на Филипче или групата поранешни и сегашни партиски функционери која смета дека без длабоки кадровски и организациски промени партијата не може да ја врати изгубената политичка тежина.

FRONTLINE

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.