Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ поддржана од СДСМ, ЛДП, ДОМ и ДС, воздржани ДУИ и АА/А

0
By Sashko on July 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанските политички партии се воздржани по најавената Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за македонските црвени линии која доби поддршка од СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС. Демократската Унија за интеграција (ДУИ) бара усогласување на текстот меѓу сите парламентарни групи, додека Алијанса на Албанците и Алтернатива очекуваат дебата во Собранието.

Но, и владејачката ДУИ и опозициската коалиција Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива укажаа дека треба да се внимава, резолуцијата да не му наштети на евроинтеграцискиот пат на државата. За АА и Алтернатива е проблем што ДУИ и СДСМ немаат заеднички став околу резолуцијата.

– Има еден проблем. Имавме изјава на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека оваа Резолуција и штети на меѓународните тенденции на земјата, но, исто така, имавме и изјава на пратеникот од СДСМ, Костадинов дека оваа резолуција е добра. Логично би било партиите на власта да имаат заеднички став, рече Халил Снопче од коалицијата АА и Алтернатива.

Тој порача Владата да биде внимателна.

– За нас е важно Македонија да продолжи со интегративните процеси, Владата и општеството севкупно да продолжат со залагањата за интеграција во ЕУ, тоа е главна цел. Владата да биде внимателна и во разговорите и во реформите. За нас се многу битни добрите односи во регионот, па следствено и со Бугарија, изјави Снопче.

Според координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, потребно е усогласување на Резолуцијата меѓу сите парламентарни партии како гаранција дека текстот нема да му штети на напредокот на државата кон ЕУ. Тој смета дека не треба да се прави ништо што ќе биде спротивно на ЕУ интеграцијата.

– ДУИ смета дека јазичниот, историскиот и културниот идентитет не е прашање за дискусија и не е прашање за политичко договарање. Следствено, цениме дека е потребно усогласување на текстот на резолуцијата меѓу сите парламентарни партии и да се осигураме дека тоа не му наштетува на нашето чекорење кон ЕУ, рече вчера Адеми по средбата со пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерот за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски од Берово порача дека неговата партија ќе даде поддршка на секоја Резолуција или Декларација со која се штити македонскиот јазик и идентитет. Но, Николовски потсети и дека оваа генерација по три децении зборување и ветување на евроатлантските интеграции, го направи вистинскиот чекор – земјата ја внесе во НАТО со зачуван идентитет, јазик и сè што е македонско. Нашето знаме, додаде Николовски, се вее во Брисел, а премиерот седеше со своите колеги и со претседатели на една маса на која и ние имаме глас.

– Станува  јасно дека сите ние го штитиме и јазикот и идентитетот и се што е македонско. Не е воопшто прашање и нема воопшто потреба да се стави под прашање каква било Резолуција. Ние ќе дадеме поддршка на резолуцијата. Веруваме дека сите постапки ќе завршат во Парламентот и со тоа потврдуваме дека ниту јазикот, ниту посебностите, ниту идентитетот некој ги ставил на маса или преговарал во целиот овој период. Големи светски државници пред неколку дена во Охрид пратија порака и констатираа дека нашата земја ги има исполнето сите услови за сето она што треба да го направиме и дека Европската Унија треба да го реши проблемот внатрешно за овие кочници кои ги имаме. Меѓутоа, во ниту еден случај тоа нема да биде во однос на прашањето на јазикот и идентитетот и на сето она кое е македонско и кое е потврдено, изјави Николовски.

ВМРО-ДПМНЕ изрази надеж дека СДСМ ќе остане доследна на кажаното и ќе ја поддржи Резолуцијата, без низ собраниски процедури да се обидува да ја кочи и опструира. Потсети и дека во неа се содржани црвените линии со кои се штити идентитетот.

– ВМРО-ДПМНЕ продолжува да обединува и да ја води Македонија во насока на национално единство и просперитет. Резолуцијата која ја предложивме, а плод е на заедничките ставови на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА, ќе ги заштити националните црвени линии, околу кои не смее да има компромиси. Оваа Резолуција го отсликува ставот на народот. Време е Македонија да престане со лошата пазарџиска дипломатија. Време е за стабилност во надворешната политика. Време е за Македонија за сите луѓе, наведе ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение.

Резолуцијата е сè уште во драфт верзија, а ВМРО-ДПМНЕ изминатите денови лобираше кај парламентарните партии да биде прифатена.

албански блок ВМРО-ДПМНЕ ДОМ ДС ЛДП Македонија резолуција СДССМ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.