Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рохани: Ако САД се повлечат, можат да го очекуваат неочекуваното

0
By Нова ТВ on April 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 21, 2018 21:04

Иранската организација за атомска енергија е подготвена и на „очекувани и на неочекувани“ реакции, доколку САД се повлечат од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, изјави денеска претседателот на Иран, Хасан Рохани.

– Нашата организација за атомска енергија е целосно подготвена и за акции кои тие ги очекуваат, но и за оние кои не ги очекуваат, истакна Рохани во своето телевизиско обраќање, без да даде подетално објаснување.

Медиумите наведуваат дека таквиот коментар може да се однесува на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе го напуштат иранскиот нуклеарен договор следниот месец.

Со тој договор потпишан во 2013 година меѓу Иран и шесте светски сили (САД, Русија, Германија, Велика Британија, Франција и Кина) се пропишува Техеран да ја прекине својата нуклеарна програма во замена за намалување на санкциите.

Меѓутоа, Трамп овој договор го оцени како еден од најлошите било кога склучени договори, а во јануари им постави ултиматум на Британија, Франција и Германија дека мораат да се усогласат во изменувањето на она што САД го сметаат како „недостаток“ во тој документ, во спротивно неговата земја ќе одбие да го продолжи олеснувањето на санкциите.

Последниот рок е 12 мај, кога САД повторно целосно ќе воведат санкции против Иран, освен ако Трамп не издаде поинаква наредба.

Договор закани Иран нуклеарна програма Трамп Хасан Рохани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.