НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ролан Гарос: Ѓоковиќ запали свеќа во „Св. Сава“ во Париз, па се прошета во првото коло

0
By Нова ТВ on May 27, 2019 СПОРТ
Фото: rolandgarros.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер со силни увертири на Ролан Гарос. Сите тројца ги решија првите задачи во Париз со минимален број на одиграни сетови и еден кон друг упатија јасни сигнали за што се дојдени во француската престолнина – Србинот за комплетирање на „Џокер слем“, Шпанецот по 12 титула, Швајцарецот по втора што воедно би била негова 21 на гренслем турнирите.

Последен од нив на одново изградениот централен терен „Филип Шатрие“ излезе водечкиот на светската ранг листа, Ѓоковиќ кој немаше проблеми против Полјакот Хуберт Хуркач кого го архивира во првиот меѓусебен меч со 6:4, 6:2, 6:2. На натпревар дојде по посета на црквата „Свети Сава“ во Париз каде запали свеќа за здравје и успешен настап на вториот годинашен гренслем.

„Задоволен сум од мојата игра. Турнирот е долг и трае две недели. Почетокот, секако, е важен, но притоа треба да се води сметка и за добар баланс меѓу тренинзите и мечевите. Не кријам дека дојдов со високи амбиции, па затоа мора да задржам концентрација за секој настап“, изјави Ѓоковиќ кој во второто коло ќе игра против Швајцарецот Лаксонен.

Надал играше во време на ручек пред празни трибини

Неколку часа пред него, во време за ручек и пред празни трибини, играше Надал. Шпанецот, исто така, без проблеми го реши Германецот Јаник Ханфман (6:2, 6:1, 6:3) кој до главниот турнир се проби низ квалификациите. За разлика од, отприлика, 100-те минути на Ѓоковиќ, тој се задржа речиси два часа и во очекување е „состанок“ со нов квалификант кој, исто така, е Германец – Јаник Маден.

Федерер, пак, загуби најмногу гемови од триото мускетари за трофеј на париската земја. Ако Надал препушти шест, а Ѓоковиќ осум, Швајцарецот ги заокружи на десет во средбата со Лоренцо Сонего. Конечни 6:2, 6:4, 6:4 за третиот носител чиј следен противник во Париз ќе биде Германецот Оскар Оте.

Возњацки по три сета се збогува со Париз 

Каролина Возњацки е најзвучното име кај девојките во вториот натпреварувачки ден на турнирот што не успеа преку првото коло. Кобна за данската тенисерка беше 22 годишната Викторија Кудерметова од Казан која славеше со 0:6, 6:3, 6:3. Русинка ја изненади и Анџелик Кербер. Германката која во Париз беше поставена за петта носителка на крајот мораше да ` подаде рака на тинејџерката од Саратов, 18 годишната Анастасија Потапова која триумфира со 6:4, 6:2.

Виталија Дјаченко освои гем, но Серена Вилијамс со пресврт го доби мечот (2:6, 6:1, 6:0) за продор во второто коло. Учеството на Ролан Гарос, поради болки во рамото, во „пет до 12“ го откажа Петра Квитова, а во третиот ден (вторник) на терен излегуваат и две од трите фаворитки – Јапонката Наоми Осака и Романката Симона Халеп.

Ролан Гарос, 1 коло

Мажи

Ѓоковиќ (1., Србија) – Хуркач (Полска) 6:4, 6:2, 6:2

Надал (2., Шпанија) – Ханфман (Германија) 6:2, 6:1, 6:3

Федерер (3., Швајцарија) – Сонего (Италија) 6:2, 6:4, 6:4

Тим (4., Австрија) – Пол (САД) 6:4, 4:6, 7:6, 6:2

Циципас (6., Грција) – Мартерер (Германија) 6:2, 6:2, 7:6

Нишикори (7., Јапонија) – Алис (Франција) 6:2, 6:3, 6:4

Чилиќ (11., Хрватска) – Фабијано (Италија) 6:3, 7:5, 6:1

Арбер (Франција) – Медведев (12., Русија) 4:6, 4:6, 6:3, 6:2, 7:5

Чориќ (13., Хрватска) – Бедене (Словенија) 6:1, 6:7, 6:4, 6:4

Лондеро (Аргентина) – Басилашвили (15., Грузија) 6:4, 6:1, 6:3

Мау (Франција) – Чекинато (16., Италија) 2:6, 6:7, 6:4, 6:2, 6:4

Пелја (19., Аргентина) – Андреоци (Аргентина) 7:6, 6:4, 1:6, 6:1

Штруф (Германија) – Шаповалов (20., Канада) 7:6, 6:3, 6:4

Де Минаур (21., Австралија) – Клан (САД) 6:1, 6:4, 6:4

Вавринка (24., Швајцарија) – Ковалик (Словачка) 6:1, 6:7, 6:2, 6:3

Симон (26., Франција) – Стаховски (Украина) 6:3, 6:3, 6:4

Гофан (27., Белгија) – Беранкис (Литванија) 6:0, 6:2, 6:2

Беретини (29., Италија) – Андухар (Шпанија) 6:7, 6:4, 6:4, 6:2

Ѓере (31., Србија) – Рамос Вињолас (Шпанија) 6:3, 6:2, 7:6

Краиновиќ (Србија) – Тифо (32., САД) 6:2, 4:6, 6:3, 3:6, 6:0

Жени

Ка. Плишкова (2., Чешка) – Бренгл (САД) 6:2, 6:3

Бертенс (4., Холандија) – Парментие (Франција) 6:3, 6:4

Потапова (Русија) – Кербер (5., Германија) 6:4, 6:2

Стивенс (7., САД) – Дои (Јапонија) 6:3, 7:6

Барти (8., Австралија) – Пегула (САД) 6:3, 6:3

Свитолина (9., Украина) – В. Вилијамс (САД) 6:3, 6:3

С. Вилијамс (10., САД) – Дјаченко (Русија) 2:6, 6:1, 6:0

Севастова (12., Летонија) – Кумхум (Тајланд) 6:1, 6:4

Кудерметова (Русија) – Возњацки (13., Данска) 0:6, 6:3, 6:3

Бенчиќ (15., Швајцарија) – Понше (Франција) 6:1, 6:4

Канепи (Естонија) – Гергес (18., Германија) 7:5, 6:1

Мугуруза (19., Шпанија) – Таунсенд (САД) 5:7, 6:2, 6:2

Мертенс (20., Белгија) – Зиданшек (Словенија) 6:4, 3:6, 6:2

Векиќ (23., Хрватска) – Самсонова (Русија) 6:2, 6:4

Хсиен (25., Тајпеј) – Голубиќ (Швајцарија) 6:4, 3:6, 6:0

Конта (26., В. Британија) – Лотнер (Германија) 6:4, 6:4

Мартиќ (31., Хрватска) – Жабер (Тунис) 6:1, 6:2

Херцог (Словенија) – Саснович (32., Белорусија) 4:6, 6:2, 8:6

Каролина Возњацки Новак Ѓоковиќ Петра Квитова Рафаел надал Ролан Гарос Роџер Федерер тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.