Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РСЕ: Македонија добива препорака за почеток на преговори со ЕУ

0
By Нова ТВ on April 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија следната недела ќе објави Пакет за проширување во кој се проценува состојбата во државите кои настојуваат да се придружат на 28-члениот блок, објавува Радио Слободна Европа, повикувајќи се на документот што ќе биде објавен на 17 април во Стразбур, а во кој нивните дописници имале увид.

Според извештајот, „шампион во регионот е Албанија, а Македонија ќе добие препорака за отворање на пристапните преговори и позитивни оцени за новата влада.

Критични точки во сите држави од Западен Балкан остануваат оние што се поврзани за владеењето на правото, а „организираниот криминал и корупцијата остануваат синоним за секоја држава во регионот“.

-ЕК повторно во повеќе наврати го користи изразот заробени држави. Јавната управа во државите до регионот останува слаба, и малку или воопшто нема прогрес на полето на слобода на изразување, стои во извештајот на кој се повикува РСЕ.

Во извештајот повторно се нагласува дека „билатералните спорови и понатаму се главни пречки во процесот на евроинтеграција, и во претходниот период не е постигнат ниту еден резултат во решавање отворени прашања меѓу соседите“.

Европската комисија повторно препорачува отворање на пристапните преговори со Македонија, а извештајот за напредокот на Македонија е меѓу попозитивните во овој пакет на Брисел, кој, како што стои во извештајот, „јасно ја препознал политичката волја за напредок“.

Во извештајот за Македонија, јавуваат дописниците на РСЕ од Брисел, се предупредува дека „штетата која се правела години на назад не може да се среди преку ноќ“, но дека Македонија ја надминала длабоката политичка криза и дека структуралните реформи се долг процес кој може да потрае.

Во истиот нацрт-извештај за Македонија се нагласува дека за понатамошен напредок на земјата од одлучувачка важност се задржувањето и продлабочувањето на процесот на донесување на итните реформски приоритети.

ЕК Извештај препорака РСЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.