Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија го обвини Израел за воздушен напад на воена база во Сирија

0
By Нова ТВ on April 9, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку 14 лица, меѓу кои и борци од Иран, загинаа утрово во напад на воена база во централниот дел на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Засега не се знае кој го извршил нападот на воениот аеродром Тијас (Т-4) во Сирија.

Руската армија за нападот го обвини Израел, тврдејќи дека два израелски авиони Ф-15 го извршиле нападот врз сириската воздухопловна база Т-4, во провинцијата Хомс. Руското МНР нагласува дека израелските авиони го извршиле нападот преку либанскиот воздушен простор и дека сирискиот систем за против-воздушна одбрана соборил пет од осум истрелани ракети.

Израелската армија засега не ги коментира тврдењата на Москва.

Сириските власти првично соопштија оти се сомневаат дека зад нападот стојат САД. Сепак, американските власти, кратко по нападот отфрлија секаква одговорност, наведувајќи дека нивните сили не спроведуваат воздушни напади во Сирија.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека во воената база во Сирија се наоѓаат руски, ирански и сили на либанското движење Хезболах.

Воздрушниот напад на сириската воена база доаѓа два дена по нападот врз градот Дума, во близина на Дамаск, во кој наводно било користено хемиско оружје.

САД и Франција изминатите недели се заканија со напади во Сирија во случај сириските сили да користат хемиско оружје

Активистите на сириската опозиција за нападот во Дума, во кој настрадаа 40 лица, ги обвинија силите на сириската влада. Сирија и Русија ги отфрлија ваквите наводи.

Советот за безбедност на Обединетите нации, според најавите, треба да одржи итен состанок посветен на нападот со хемиско оружје во Дума. Состанокот е закажан на барање на девет од 15 членки на ова тело – САД, Велика Британија, Франција, Полска, Холандија, Шведска, Кувајт, Перу и Брегот на Слоновата Коска.

воена база Израел напад Русија Сирија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.