НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија штетна за демократијата на Балканот, Кина за јавниот долг

0
By Светлана Јовановска on January 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Москва сака да го успори патот кон демократија и создавање правна држава на Балканот а со тоа и патот на овие земји кон НАТО и ЕУ.

Особено по несреќната изјава на Жан-Клод Јункер од пред 4 години во којашто тој ја тресна европската врата пред носот на Балканците и им кажа да не се надеваат на ништо во блиска иднина. Со тоа, Јункер и ја олесни работата на Русија на Балканот.

И британскиот Парламент, загрижен поради Брегзитот и можното намалување на британското влијание во нашиот регион, минатата недела објави извештај на оваа тема.

Вината за ова растечко влијание тие ја лоцираат токму во ЕУ. Тимоти Лес, директор на консултантска агенција, за овој извештај вели дека “причината зошто Русија има влијание е само заради вакумот што се отвори поради распадот на процесот на проширувањето на ЕУ”.

Ова во понеделникот го потврди и бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Петков. Пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања тој вчера рече дека на Балканот се водат две борби:

Иван Петков, амбасадор на Бугарија во Македонија

“Едната е стратешка, упатена кон ограничување на потенцијалните закани од надвор кои би можеле да ја дестабилизираат земјата и регионот. Втората е поврзана со неодложното спроведување на реформите преку инклузивност и оптимизиран парламентарен дијалог со учество на опозицијата”.

Во Македонија проблемот не е од загрижувачки размери. Но тоа не е случај во Србија, Црна Гора и Република Српска.

Бројките велат дека Русија всушност и нема инвестиции на Балканот. Одвај 5 или 6 отсто па така, споредена со ЕУ во тој поглед, таа е џуџе и небитен играч.

Сепак, анкетите во Србија покажуваат дека 67,2 отсто граѓани се наклонети кон Русија а само 50,9 отсто сакаат влез во ЕУ.

Парламентот на Велика Британија

Британските парламентарци сметаат дека овие бројки не се во корист на Велика Британија и покрај тоа што таа идната година ја напушта ЕУ. За нив членството во ЕУ за Балканот е гаранција за безбедност и просперитет па така Лондон мора да продолжи со поддршката за членство на Балканот во ЕУ.

Москва почна да го освојува пред се медиумскиот простор со телевизијата Раша Тудеј и Спутник:

“Главниот извор на вести, особено во Србија, Република Српска и Црна Гора е Спутник”, вели извештајот на Британците. И додава дека Москва “го успорува напредокот кон добро владеење и целосна демократија во регионот”.

Russia Today и Sputnik, руски провладини медиуми

Меѓународниот институт за безбедност смета дека улогата на Русија е широка особено по политичкото мешање во Македонија и Црна Гора.

Руското влијание се совпаѓа со политичкиот феномен што подоцна Брисел ќе го опише како “заробена држава”. Познато е дека Русија, во екот на македонската криза и ќорсокакот во ланското формирање на владата, на неколку пати испрати соопштенија со јасна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. И неуспешниот пуч на изборите во Црна Гора во 2016 година.

“Руските долни удари во Македонија и Црна Гора пропаднаа но Москва се уште контролира некои политички сили во овие земји. Во Република Српска и нема рамна во влијание…. Во Србија руското политичко влијание го има и во Парламентот и во безбедносните сили…. Србија е исто така еден од извезувачите на руско оружје, стандарди и политики во сите конфликти под руско стратешко влијание. Рускиот ткнр. хуманитарен центар во Ниш е институција од стратешко партнерство и политичко влијание на руската влада и нивната промоција на анти-западни и анти-демократски сојузи и политички договори”.

Можеби најголемата и најзначајна улога на Русија е во проблемот на Србија со Косово. Нормализирањето на односите помеѓу Белград и Приштина не и оди во прилог на Москва бидејќи со тоа оваа земја губи од своето влијание.

Накусо, западните земји ја потцениле руската улога на Балканот и време е да ја земат топката во сопствениот двор. Така, Бугарија е главниот европски сојузник во “војната” на ЕУ против растечкото руско влијание на Балканот.

Тоа е една од причините поради кои бугарското претседателство со ЕУ го стави високо на својот список на приоритети токму Балканот и желбата нашиот, сиромашен но геостратешки значаен, регион конечно да исплива кон европските води.

Влијанието на Кина не загрижува

За ЕУ и за Велика Британија, кинеското присуство на Балканот, иако е во пораст, не е политички штетно но влијае на зголемувањето на јавниот долг на балканските земји.

Кина инвестира и во автопатишта на Балканот

Кинеските инвестиции во нашиот регион се добредојдени. Но, според извештајот на Британците Кина ги “поткопува реформите што Велика Британија ги промовира на Балканот” поради тоа што ЕУ поставува услови за да даде пари, додека кинеските компании често работат без да обрнуваат внимание ниту на корупцијата ниту на транспарентноста при склучувањето договори. Освен тоа, Западот е загрижен поради тоа што Кина често дава заеми а не грантови и со тоа го зголемува јавниот долг на балканските земји.

Така што соработката на Балканот со Кина води до заклучокот дека треба да се работи со Кина со тоа што ќе се решаваат, преку соработка, различните проблеми и дефицитот на кинескиот инвестициски модел па така и Кина и Европа ќе му го посветат должното внимание на Балканот. Идејата е и Европската банка за развој и реконструкција да влезе во проектите и за да ја донесе саканата ригорозност во условите на кинеските кредити.

Накусо, за Кина е важна стабилноста на Балканот и не и пречи што регионот има цел за влезе во НАТО и ЕУ. Според британскиот извештај, еден ден сите овие земји ќе бидат во ЕУ и со тоа Кина ќе има шест добри сојузници кои “ќе лобираат за кинеските политички интереси”.

 

балкан британски Парламент Велика Британија влијание ЕУ Кина Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.