Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руски полициски генерал-најсериозен кандидат за прв човек на Интерпол

0
By Нова ТВ on November 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 21, 2018 08:50

Меѓународната криминалистичко-полициска организација, Интерпол, координациско тело за полиции од 192 земји, денеска треба да гласа за еден од двајцата кандидати кои се во трка за прв човек на организацијата, откако претходникот Менг Хонгвеи мистериозно исчезна во октомври откако замина за Кина, и постојат контроверзни информации за тоа што се случува со него. Кинеските медиуми подоцна соопштија дека Менг бил уапсен поради корупција и дека во седиштето на Интерпол испратил писмо со оставка.

Кандидати се привремениот претседател, Јужнокореецот Ким Џонг-јанг и Александар Прокопчук, полициски генерал од руското Министерство за внатрешни работи, кој последните седум години го води руското биро на Интерпол. Тој во моментов е еден од четирите потпретседатели на Интерпол.

По објавата на британски „Тајмс“ дека се очекува Прокопчук да биде избран за претседател на Интерпол, следуваа повеќе реакции, меѓу кои и четворица американски сенатори во отворено писмо побараа неговата кандидатура да биде отфрлена.

Британското здружение за човекови права „Фер судења“ (Fair Trials) испрати писмо до Интерпол во кое изразува силен протест против номинацијата на Прокопчук, со забелешка дека „не би било соодветно земја со историја на кршење на правилата на Интерпол да добие улога во раководството на клучната институција за надзор“.

Рускиот активист Владимир Кара-Мурза за „Вашингтон пост“ напиша колумна, во која наведува дека Москва честопати со политички мотивирани потерници, кои се испраќаат во други земји, заради прогон на политички неистомисленици и заради ограничување на нивното движење.

И покрај експлицитната забрана за „каква било интервенција или активност од политички, воен, религиозен или расен карактер“, организацијата ги прифати барањата на Кремљ за испраќање „црвени известувања“ против истакнати дисиденти, наведува Кара-Мурза. Тој предупредува дека кога рускиот претседател Владимир Путин ќе има свој човек на чело на Интерпол, веќе нема да мора да се обидува на измама да го користи системот на Интерпол за налози за апсење, туку ќе може организацијата директно да ја стави под своја контрола.

По ваквите реакции, Кремљ вчера го осуди, како што го нарече, „мешањето“ во изборот на нов претседател на Интерпол.

Избор Интерпол претседател Прокопчук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.