Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руски терор врз цивили: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

0
By Zoran Ivanov on May 12, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 12, 2026 15:13

Агресорот во текот на ноќта изврши нов масовен напад врз Украина, само неколку часа по истекот на тридневниот режим на „делумна тишина“, кој важеше од 9. до 11. мај.

Според украинските власти, Русија лансирала повеќе од 200 дронови кон украински цели, при што биле погодени цивилни објекти, енергетска инфраструктура, станбени згради, градинка и железничка инфраструктура. Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 216 лансирани дронови, 192 биле соборени или неутрализирани.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија „самата избра да ја прекине делумната тишина што траеше неколку дена“. Според него, во нападите биле употребени повеќе од 200 ударни дронови, а на фронтот повторно биле користени воздушни бомби, со повеќе од 80 фрлени бомби и над 30 регистрирани воздушни напади. Зеленски наведе дека украинската противвоздушна одбрана соборила дронови над Днипропетровската, Житомирската, Миколаивската, Сумската, Харкивската и Чернихивската област, како и над Кијив и Кијивската област.

„Русија мора да ја заврши оваа војна, и токму Русија мора да го направи чекорот кон вистински, траен прекин на огнот“, порача Зеленски, додавајќи дека Украина претходно јасно ставила до знаење дека ќе одговори соодветно на руските дејства. Во нападите има повредени, а украинските власти пријавија и загинати лица.

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, соопшти дека Кијив предложил продолжување на делумниот прекин на огнот и по 11 мај, но Москва одговорила со ескалација. Според неговата изјава, Русија ноќта по истекот на режимот на тишина лансирала над 200 дронови, насочувајќи ги нападите кон цивилна инфраструктура, меѓу другото и кон една градинка, при што има најмалку еден загинат и повеќе повредени.

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, во објава на X го нагласи континуитетот на руските напади и потребата од постојан притисок врз Кремљ.

„1539. Денес рф продолжи со својата делумна тишина со напади со дронови и воздушни напади врз Украина. Континуираниот притисок врз рф мора да го принуди кремљ да ја запре војната. #RussiaIsATerroristState“, напиша амбасадорката Дир.

Украински извори за ЦИВИЛ Медиа информираат дека нападите следуваат по период во кој, според украинските власти, немало големи воздушни удари, но борбите на фронтот не запреле. Зеленски уште претходно предупреди дека на фронтот „нема тишина“ и дека Украина ги документира прекршувањата, додавајќи дека Русија „нема намера да ја заврши оваа војна“ и дека подготвува нови напади.

Во Кијив, остатоци од соборен дрон паднале врз покрив на 16-катна станбена зграда во северниот дел на градот, предизвикувајќи пожар, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Во Кијивската област, удар со дрон предизвикал пожар на покривот на градинка и оштетил прозорци на блиска станбена зграда. Штети се пријавени и во други региони, вклучително Черкаси, Житомир и Чернихив.

Европската Унија во меѓувреме воведе санкции против 16 руски функционери и седум институции обвинети за учество во незаконското депортирање, присилно префрлање, асимилација, индоктринација и милитаризирано образование на украински деца. Според европските институции, од почетокот на целосната руска инвазија во 2022 година, околу 20.500 украински деца биле незаконски депортирани или присилно префрлени во Русија или на територии под руска окупација.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека динамиката на војната се менува во корист на Украина, посочувајќи ги големите руски загуби, украинските длабински удари врз руски цели и намалениот обем на руската воена парада. Но, таа предупреди дека „нема простор за самозадоволство“.

Последните напади повторно ја потврдуваат украинската позиција дека Москва го користи јазикот на примирјето и преговорите додека продолжува да напаѓа цивилни цели и инфраструктура. За Кијив, пораката останува јасна: прекинот на војната зависи од Русија, а меѓународниот притисок врз Кремљ мора да продолжи сѐ додека агресијата не запре.

Извор: ЦивилМедиа.мк

агресија Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.