Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русковска: Протестите под мотото „За заедничка Македонија“ биле организирани од ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on May 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 11, 2020 13:49

Премиерот Оливер Спасовски и Антонио Кочков ќе бидат повикани како сведоци на 13 мај на рочиштето за упадот и насилствата во парлементот на 27 април во 2017 година за кој како организатори се обвинети поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Денеска во Кривичниот суд сведочеа Михаил Младеновски и референтот за систем и гласање во Собранието Сашко Коцевски. Обвинителката Вилма Русковска по рочиштето изјави дека сведочењето на Младеновски ја покажува инволвираноста на една политичка партија, но и на структурите од полицијата, односно структурите во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК). Додека од сведочењето на Коцевски, рече таа, дека може да се заклучат два апсекта.

„Прво, дека протестите под мотото „За заедничка Макеоднија“ биле директно организирани од политичката партија ВМРО -ДПМНЕ, а исто така не толку, за дали требало да му даде збор на Зекири Ибраими или на некој друг, колку што ме интересираше, односно сакав да слушне и јавноста и судот, дека во моментот можел Трајко Велјановски да го исклучи мониторот на говорницата кога тогашниот пратеник Зекири Ибраими започнал да ја пее албанска химна“, појасни Русковска.

Адвокатот на тројца од обвинетите Еленко Миланов, пак, вели дека несериозно е сведокот Коцевски кој бил дипломиран педагог да толкува деловник.

„Вториот сведок според неговите генерали е дипломран педагог кој во својата струка постапува со деца во претшколска и осмолетка и тој остана да толкува деловник, што сметам дека е сигурно несериозно. Овој сведок не потврди дека можел да исклучи, затоа што самиот претседател може тоа да го исклучи од 2017 година, а до 2017 година, односно пред овие настани, тоа можело да биде само преку компјутерскиот центар. Сметам дека апсолутно времетраењето на пеењето на Зекирија, сознанијата што е и како е не дозволувало таква рекација и со тоа сметам дека ништо не се потврдува“, истакна Миланов.

Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Вилма Русковска насилства рочиште Собрание упад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.