Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русуја со дронови врз Одеса / Украина со дронови врз Волгоград

0
By Zoran Ivanov on October 11, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 11, 2025 16:22

Десетици градови и села во јужниот украински регион Одеса, на брегот на Црното Море, останаа без електрична енергија по масовни руски напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска локалните власти.

Според Кијив, овие напади имаат за цел да ја притиснат украинската власт да прифати мировен договор под услови на Москва, што Украина го одбива, нагласувајќи дека нема да се предаде.Штета е нанесена на енергетската инфраструктура во градот Одеса и околниот регион, според службите за цивилна заштита и јавниот обвинител.

Во регионалниот главен град, избувнале пожари во енергетски објект и во трикатна зграда што припаѓала на хотелско-ресторански комплекс.

Една жена била повредена, а две лица биле спасени, пренесе ДПА. Вкупно 41 населено место во регионот останало без електрична енергија.

Владата во Киијв ја обвинува Русија дека ги напаѓа енергетските објекти за да го лишат населението од светло и греење пред почетокот на зимата.

Истовремено, Украина ги обнови своите напади врз цели во Русија во текот на ноќта, во обид да ја одбие инвазијата што Русија ја почна во 2022 година.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека 42 украински дронови биле соборени, најголемиот дел во јужниот регион Волгоград.

Во градот Волгоград, делови од соборен дрон паднале врз станбени згради, училишта и градинка, изјави гувернерот Андреј Бочаров.

Скршени се прозорци, а еден маж е повреден, додаде тој. Регионалните здравствени власти соопштија дека тројца деца биле пренесени во болница поради стрес.

 

волгоград Дронови напад Одеса руски Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.