Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД го одложија почетокот на училиштната настава, Њујорк со 33 отсто позитивни тестови

0
By Sashko on January 4, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илјадници училишта во САД го одложија враќањето на учениците во клупи што беше планирано за оваа недела или се одлучија за онлајн настава, бидејќи бројот на случаи на ковид-19 достигна рекордно ниво поради ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот.

Меѓутоа, официјални лица во некои училиштни области, сепак, инсистираа за отворање на училиштата, вклучително и во Њујорк, каде што минатата недела секое трето тестирано лице било позитивно на ковид-19, според вчера објавените податоци од градските власти.

Новиот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс, кој ја презеде функцијата викендот од Бил де Бласио, вети дека ќе го задржи отворен најголемиот училиштен систем во САД и покрај брзото ширење на вирусот.

Пред еден месец во градот имаше помалку од три проценти позитивни тестови, а сега ширењето на инфекцијата го наруши системот на јавниот транспорт, ги затвори претставите на Бродвеј и ги принуди компаниите да го одложат физичкото враќање на работните места.

Сакаме да бидеме исклучително јасни, најбезбедното место за нашите деца е училиштната зграда, истакна Адамс по посетата на основно училиште во Бронкс. 

Брзината на ширење на омикронот создаде чувство на хаос на самиот почеток на 2022 година. Во последните седум дена, бројот на заразени случаи двојно се зголемил, достигнувајќи рекордни 418.000 дневно.

Многу други градови, како што се Милвоки, Кливленд и Детроит, воведоа онлајн настава или на сличен начин го откажаа враќањето на десетици илјади ученици на училиште оваа недела, повикувајќи се на недостиг на персонал и загриженост поради сојот омикрон.

Ковид-19 Настава Омикрон САД Свет училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.