Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина

0
By Zoran Ivanov on April 8, 2025 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, СВЕТ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 8, 2025 21:37

САД ќе воведат царина од 104 отсто за кинеска стока од среда, 00:01 часот по источна американска временска зона (вечерва, 21:01 часот по македонско време) , потврди официјален претставник на Белата куќа, јавуваат западни медиуми.

Оваа одлука следи откако Пекинг не ги укина своите контрамерки кон американските производи до утврдениот рок – вторник напладне, како што претходно побара американскиот претседател Доналд Трамп.

Наместо тоа, Кина соопшти дека „ќе се бори до крај“ и ќе преземе противмерки против Соединетите Американски Држави за да ги заштити своите интереси, откако претседателот Трамп се закани со дополнителна царина од 50 отсто на кинескиот увоз.

Министерството за трговија во Пекинг соопшти дека наметнувањето на таканаречените „реципрочни царини“ од страна на САД врз Кина е „целосно неосновано и претставува типична еднострана практика на застрашување“.

Кина, втората по големина економија во светот, најави одмазнички царини, а Министерството во својата последна изјава навести дека може да следуваат уште мерки.

Противмерките што ги презема Кина имаат за цел да го заштитат нејзиниот суверенитет, безбедност и развојни интереси, како и да го одржат нормалниот меѓународен трговски поредок. Тие се целосно легитимни, соопшти Министерството.

 

Кина нови САД царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.