САД воведоа правни и финансиски санкции без преседан против Николас Мадуро, претседателот на Венецуела и го нарекоа “диктатор”. Ова е одговор на изборите во неделата во оваа земја кога загинаа десетици лица.

“Нелегитимни избори од вчера потврдуваат дека Мадуро е диктатор кој ја презира волјата на народото на Венецуела”, изјави американскиот министер за финансии Стивен Мнучин преку соопштение и најави замрзнување на сите сметки и имоти на Мадуро во САД.

“Со санкциите против Мадуро САД јасно ставаат на знаење дека им се спротивставуваат на политиките на Мадуро и неговиот режим и ја покажуваат поддршката на народот на Венецуела кој бара во земјата да се врати целосната и просперитетна демократија”, додаде тој.

Ова е за прв пат американската администрација толку отворено да го нападне Мадуро нарекувајќи го “диктатор”.