Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само два граѓански потписи им се потребни на независните кандидати за учество на локалните избори

0
By Marija Todorovska on August 18, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 18, 2025 11:10

Државната изборна комисија (ДИК) со шест гласа „за“ и еден „против“ на вчерашната седница го усвои правилникот со кој ќе бидат потребни само два граѓански потписи за да може независните кандидати за советници и градоначалници да учествуваат на локалните избори во октомври годинава.

Правилникот го предложи членот на ДИК, Александар Даштевски повикувајќи членот 63 од Изборниот законик кој како што рече не е укинат, а ја регулира постапката за собирање потписи за предлагање кандидати, иако членот 62 кој се однесува на локалните избори Уставниот суд го укина.

Ќе прочитам неколку измени кои ги предлагам во Правилникот кои се од суштиснко значење. Врз основа на член 63 став 3 собирањето потписи во постапката на кандидирање согласно одредбите на Избирниот законик почнуваат 10 дена од денот на распишувањето на изборите и трае 15 дена. Кога подносител на листа на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник е група избирачи потребно е предлогот на кандидатската листа да го потврдат пред подрачните одделенија или регионални канцеларии на ДИК со важечки документи за личен идентификација, со адреса на живеење на соодветна општина за која се поднесува соодветна кандидатска листа и притоа за поддршка на истата на приопишан образец да бидат потпишани најмалку два избирачи, рече Дашевски образложувајќи одредби од новит Правилник, откако стариот беше ставен вон сила бидејќи Уставниот суд укина два члена од Изборниот законик.

Даштевски нагласи дека потписите за поддршка на предлогот на кандидатските листи за кандидат на членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник се врши во временски период утврден согласно членот 63 став 3 од Изборниот законик во период на редовно работно време на подрачните одделенија и канцеларии од 8:30 и 16:30.

Овие се специфичните работи кои ќе важат само за овие избори па затоа и предлагам на ДИК овој Предлог правилник да го усвои, рече Даштевски.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко истакна дека има спротивно мислење од  Даштевски од процедурално правен карактер, но оти сепак тој и нековиот колега Оливер Ристовски ќе гласаат за правилникот.

Со предложениот Правилник за собирање потписи кој предвидува да се евидентираат најмалку два потиси во подрачните одделенија за кандидирање на група избирачи. Членот 60 од Изборниот законик дирекно го утврдува, предвидува и дава правото на учество на група избирачи да поднесат листа и да учествуваат на изборите, но, без собирање потписи. Ова од причина што Уставен суд ги укина одредбите за бројот на собрани потпис предвидени во членот 62. Во таа насока не го прифаќам образложението на овој правилник, кој се повикува на член 63 кој ја предвидува постапката за собирање потписи,  не може да се спроведува постапка без да постои цензус за предвиден број потписи кои треба да се соберат. Во случајот членот 63 членот е неприменлив бидејќи е поврзан со член 62 од Законот, а кој е укинат од Уставниот суд. Но како што кажав иако од формално правен правно процедурален каракте и наведените причини не се согласувам, имам поинакво мислење, сепак и јас и колагата Оливер Ристовски ќе гласаме за и ќе го поддржиме овој правилник бидејќи сметам дека тоа е во интерес на изборниот процес и непречено спроведување на сите дејствија од изборниот процес, истакна Кондарко.

Изборите се распишани, изборните дејства се во тек, додаде и ДИК нема право и можност да ги одложи или сопре изборните дејства. Во оваа состојба додаде претседателот на Комисијата, ДИК се нашла не по своја вина.

Во два наврати Собранието не успеа да го регулира ова прашање за бројот на потребни потписи за предлагање кандидатска листа на група избирачи, и поради тоа ДИК не по своја вина е доведена во ситуација да ги применува одредбите од Изборниот законик онакви какви се, а во интерес на успешно организирање на изборниот процес. Суштински без собирање требаше да биде односно со 0 потписи, но со Правилникот се предлага најмалку два потписа од најмалку два избирачи, а тоа во суштина не менува ништо, рече Кондарко.

На ова реплицираше Даштевски кој како што рече смета оти со предложениот Правилник не се излегува надвор од законските рамки.

На почетокот на образложувањето на Правилникот кажав дека членот 62 е укинат и оти на сила е членот 63 особено ставовите 1, 2, 3. Така што, во таа смисла сметам дека постапката за собрање потписи ќе треба да постои на некаков можеби симболичен начин бидејќи тоа е предвидена постапка, рече Даштевски.

Со ова, за учество на претстојните локални избори независните кандидати ќе треба симболично да соберат по два потписи, додека партиите и коалициите ќе настапуваат според редовните законски услови.

Новите правила ќе стапат во сила по нивното објавување во „Службен весник“.

 

 

Дик независни кандидати потписи правилник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.