Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СБ: Годинава 1,5 проценти раст на економијата, следната 3,2 проценти

0
By Нова ТВ on November 16, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 16, 2017 15:27

Приоритет за Македонија е фискална консолидација со зголемено ниво на приходи и подобрена ефикасност на приходната и расходната страна, наведува Светска банка во редовниот есенски економски извештај за Западен Балкан.

Поради пролонгираната политичка криза, СБ проектира економскиот раст на Македонија до крајот на годинава да изнесува 1,5 проценти. Следната година проекцијата за растот е 3,2 процента, а за 2019 година 3,9 проценти, или во просек за 3,5 проценти, во очекување да закрепнат инвестиците и потрошувачката.

– По разрешувањето на политичката криза главниот ризик е поврзан со фискалната страна. Битно е да се одржи макроекономската стабилност за да не се поткопаат изгледите за раст, рече Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на СБ во Македонија, во обраќањето на прес-конференцијата во Приштина,која беше пренесувана во седиштето на Банката во Скопје.

Главен двигател на растот се очекува да биде приватната потрошувачка, како резултат на се поголемата вработеност, како и зголемувањето на инвестиците поврзани со изградбата на двата автопата.

Фискалниот дефицит се очекува постепено да се намали на 2,2 процента до 2019 година за што Владата треба да  почне реформи со зголемување на наплатата на даноците, намалување на трошењето и зголемување на ефикасноста на социјалните трошења. Основното сценарио кое предвидува постепена консолидација на јавниот гарантиран долг и БДП се очекува да се зголеми на 55 проценти до 2019 година.

СБ препорачува зајакнување на прибирањето на даночните приходи и ревидирање на даночните отстапки. Првична препорака, според Бојан Шимбак, економист во СБ, е да се  подобри ефикасноста на прибирањето на даноците, а останатите препораки ќе следат по завршување на анализата за јавните финасии.

СБ и препорачува на Македонија и да ја подобри ефикасноста на социјалните трошења, да ги рационализира субвенциите, особено во земјоделството, да обезбеди одржливост на пензискиот систем. Првата препорака е  Владата да ги одложи ад хок зголемувањата на пензиите и да се придржува до законската регулатива, што во изминатите години создало притисок на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Во подготовка е и техничка анализа која ќе помогне да се намали зависноста на Фондот од трансферите од централната власт.

– Моментално Фондот е во добра кондиција и добива трансфери од централната власт кои се зголемуваат со тек на годините. Целта е да се намали зависноста на пензискиот фонд од тие трансфери. Ние работиме на параметарски измени во законската регулатива кои ќе ги намалат тие притисоци, рече Шимбакна прес-конференција во Скопје.

На новинарско прашање дали во измените на регулативата може да влезе и делот за зголемување на старосната граница за пензионирање,  Шимбак наведе дека не може да одговори на тоа прашање.

Посочи дека на пензиите работи конкретен специјалист и оти анализата за измените е во тек.

Како што појасни неговата колешка Барбара Куњак,  се разледуваат  различни можности кои би биле најделотворни за да и ги препорачаат на Владата.

Во препораката за одржливост на процесот за намалување на невработенсота, СБ укажува дека добар дел од креираните места во изминатите три години  се со фискален стимул преку  активните мерки за вработување со проектите „Македонија вработува 1 и 2“. – Неплаќањето социјални придонеси, здравствено осигурување и персонален данок за тие работни места создаваат притисоци на пензискиот и Фондот за здравство, рече Шимбак, потенцирајќи дека и покрај постојаниот пад на невработеноста, нема простор за опуштање на ова поле.

Како што информира, првпат по 10 години се забележува дека има позитивен придонес кон извозот од домашните капацитети, а не од зоните, што е за поздравување.

Во текот на оваа година активните мерки на пазарот на труд го поддржаа вработувањето во приватниот сектор. Дефицитот на билансот на плаќање  во 2017 година се зголемил главно поради намалениот БДП и покрај намалувањето на трговскиот дефицит. Намалените странски директни инвестици, пак се резултат на  репатрацијата на профит и отплата на долгови на компаниите, но сепак придонеле за речиси целосно финансирање на дефицитот на билансот на плаќање.m

македонска економија раст Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.