Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ бара оставка од Трајановски поради катастрофалните поплави

0
By Нова ТВ on August 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Социјадемократскиот сојуз на Македонија денеска побара оставка од Коце Трајановски за, како што велат, трагедијата со катастрофални последици што му се случи на Скопје.

– Постојат непобитни докази дека командантот на Градскиот штаб за заштита и спасување КоцеТрајановски е одговорен, и тоа не само политички. Жртвите од 6 август се директна последица на непревземање мерки за заштита пред поплавите и недостаток на инвестициии во инфраструктура, целосно погрешното дејствување за време на поплавата и тоталната неспособност за справување со последиците по поплавата, изјави Дамјан Манчевски, координатор на Советничката група на СДСМ и коалиционите партнери во Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ.

– Коце Трајановски знаел дека постои План за заштита и спасување уште од 2010 година во кој Скопје е означено како „простор со висок степен на загрозеност од елементарни непогоди, особено одпоплави“. Знаел дека мора да го заштити градот од поплави од такви врнежи, но не го направил тоа.

Коце Трајановски знаел за опасноста од невреме. За тоа информиралеметео-порталите уште во еден часот попладне. Наместо за тоа да ги предупреди граѓаните и да го вклучи алармот во градот, тој отворал турнир во мал фудбал.

Коце Трајановски знаел дека има човечки жртви, дека има излевање на акумулација и огромна надојдувачка вода и дека е потребна брза евакуација на населението и затворање на обиколницата. Но, не направи ништо од ова. Напротив, со своите погрешни команди дополнително го зголеми ризикот за граѓаните.

Конечно, Коце Трајановски знае дека е потребна итна пренамена на милионите евра од Тркалото на лудоста и од другите луди проекти на Никола Груевски за да може да се справи со последиците и нормализирање на животот во погодените подрачја и за изградба на систем кој ќе спречи ова да се повтори, но не презема ништо, рече Манчевски на прес конференција.

Тој во името на СДСМ и коалициските партнери побара соодветна парична помош за настраданите за да може да се создадат минимални услови за живот.

– На семејствата им требаат пари итно. Им треба чиста вода, храна, облека, училишен прибор за децата, основни работи. Бараме парите од Тркалото на лудоста веднаш да се пренаменат за итна помош на настраданите, во вредност од 90 илјади денари по домаќинство.

Нема да дозволиме оваа трагедија да се заташка и заборави. Нема да дозволиме скопјани да живеат под закана од поплави затоа што на некој болен ум му се сонило метрополата да биде Дизниленд, рече Манчевски.

оставка поплави СДСМ Трајановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.