Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ и ДУИ работат на унифицирање на изборните програми во евентуална владина

0
By Нова ТВ on August 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 16, 2020 10:18

Генералните секретари на СДСМ и на ДУИ викендов ги продолжуваат интензивните консултации и работа за постигнување на коалициски договор за формирање на нова влада со четиригодишен мандат. Двете партии информираат дека по утврдувањето на коалициските принципи и определби, преговарачките тимови работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада.

Започна и фазата на разгледување на поделбата на одговорностите во евентуалната идна коалиција, како и на „предлозите за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри, кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат“, соопштија СДСМ и ДУИ. Двете партии потенцираат дека единствени точни информации околу консултациите се оние добиени од официјалните партиски лица вклучени во преговорите.

Консултациите меѓу двете партии, започнаа откако шефот на државата Стево Пендаровски во четвртокот го додели мандатот за формирање на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Разговорите меѓу двете партии почнаа во четвртокот попладне, со тричасовна средба на Заев со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, која во заедничко соопштение беше оценета како конструктивна и продуктивна и на која биле постигнати основите за „напредок кон коалициски договор за нова европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, на еднаквоста и на владеењето на правото“.

ДУИ од своја страна соопшти дека разговорите за формирање на владина коалиција со СДСМ се одвиваат на различни партиски нивоа, изразувајќи уверување дека ќе дојдат до конечен договор и Влада со целосен четиригодишен мандат, која ќе биде изгласана во Собранието, ќе служи на сите граѓани подеднакво и ќе продолжи партнерството со евроатлантските сојузници.

Додека траат консултациите за формирање на нова влада, ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на својот став дека врачувањето на мандатот на Заев од страна на претседателот Пендаровски било противуставно. Партискиот портпарол Димче Арсовски на прес-конференција најави дека размислува за поднесе иницијатива за испитување на уставноста на постапката на шефот на државата.

„Секогаш кога ќе биде прекршен Уставот, Уставниот суд е должен да излезе и да го заштити Уставот, така што размислуваме за уставна иницијатива и набрзо ќе се знае конкретниот чекор во однос на поднесување на истата“, нагласи Арсовски.

Влада ДУИ консултации преговори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.