Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Лажеше за името, сега лаже за ЕУ – Мицкоски ја краде иднината на младите

0
By Zoran Ivanov on April 2, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 2, 2026 17:59

Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на извршниот одбор:

Добро рекол нашиот народ: кој лаже – тој краде. Зарем немате впечаток дека кога го кажувал ова, пред себе го имал ликот и делото на Христијан Мицкоски?

Лажеше дека ќе го врати името, додека клечеше и молеше да се врати на власт. Лажеше дека со Европската Унија договорил нова преговарачка рамка. Лажеше дека со Брисел договорил уставни измени со одложено дејство. Лажеше дека веќе идната година ќе станеме членка на Унијата, само без право на глас. Лажеше за сè, а за што сè уште не излажа?

И додека лаже дека се загрозени македонските интереси, не кажува дека со членството во НАТО токму тие македонски национални интереси се исполнети. Исто како што не кажува дека со влез во Европската Унија ќе ги заштитиме нашите вредности и нашиот идентитет.

Како што ги излажа граѓаните пред изборите за името и за уште многу други работи, сега сака на младите, на нашите деца, да им ја украде иднината.

Мицкоски не сака членство во Европската Унија и планира земјата и понатаму да ја држи во изолација. Неговата тактика гласи: грабеж одвнатре, изолација однадвор.

За жал, како што кажав, сака да ги држи во заложништво нашите деца и идните генерации. Зошто? Имаме право да си го поставиме тоа прашање.

Затоа што сака и понатаму да тече историскиот грабеж, да се вршат криминални грабежи, разни сомнителни трансакции, криминални тендери – се разбира без контрола и без никаква одговорност.

Почитувани граѓани, токму ова е предавство. Така ѝ се наштетува на сопствената земја.

Нашиот национален интерес се Европската Унија и НАТО.

Сите веќе знаат, и дома и надвор, дека нашиот македонски национален интерес е заштитен. Нашиот македонски идентитет е заштитен, а внесувањето на малцинствата во

Уставот не е прашање на Бугарија, туку на самата Европска Унија.

Но, како што кажав, Мицкоски свесно ја саботира иднината на државата и иднината на нашите млади.

И додека цела Европа се дистанцира од Орбан, Христијан Мицкоски оди таму, учествувајќи во предизборјето, за да му даде поддршка.

Дали е нормално сето тоа што се случува?

Почитувани граѓани, кога Мицкоски вели дека ќе чекаме со децении и децении за влез во Европската Унија, тоа значи само едно – да продолжат криминалот и грабежот, а Македонија да остане во изолација.

Затоа не треба да има никаква дилема дека неговата агенда гласи: колку подлабоко Македонија тоне во изолација, толку подлабоки стануваат нивните џебови.

Е ова е предавство на националните интереси.

 

ЕУ Мицкоски прес СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.