Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Мицкоски со државен профит од милион евра од хидроцентралите, Камчев со над 33 милиони

0
By Нова ТВ on July 12, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: sdsm.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 12, 2020 17:15
Владеачката СДСМ вчера јавно презентира договори за консултантски услуги при тендери на кланот Мицкоски од Машинскиот факултет за потребите на државната компанија ЕЛЕМ. Од таму обвинуваат дека непотизмот од машинскиот факултет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го применува и во самата партија со носителката во Изборната единица (ИЕ) 1, Гордана Силјановска.
Главното прашање што од СДСМ го поставија вчера, а на кое не добиле одговор, го поставуваат и денеска – „зошто лидерот на опозицијата ја крие својата имотна состојба?“ за веднаш потоа да констатираат дека „одговорот е јасен, Мицкоски нешто крие“.
„Тој е лично е косопственик на три мали хидроелектрани кои по примерот на договорот на  Груевски и ОКТА има загарантиран 20 годишен договор по цена на струја што ја плаќаме ние граѓаните“, истакна Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ, на денешната прес-конференција.
Секој еден граѓанин, секое семејство, рече Андреевски плаќа за овие хидроелектрани. Притоа ги наведе и кумулативните суми кои граѓаните му ги платиле во изминатите години, почнувајќи од 2016 година.
2016 година – 986.513 денари
2017 година – 15.269.030 милиони денари
2018 години – 19.398.444 милиони денари
2019 година – 21.145.834 милиони денари или вкупно 56.802.821 милиони денари.
Затоа, обвини Андреевски, „ја покачија цената на електричната енергија за повеќе од 100 отсто, затоа ја укинаа евтината тарифа, затоа не сакаа да го либерализираат пазарот на електрична енергија“.
Денес, нагласи тој, „станува појасно и зошто ист таков 15 годишен договор имаат дадено и на „Пелагонија Енерџи“ на Орце Камчев“. И во примерот со компанијата зад која стои познатиот скопски бизнисмен ги наведе наплатените суми од граѓаните кои по години се следни:
2015 година – 149.869.371 милиони денари
2016 година – 370.061.640 милиони денари
2017 година – 564.829.354 милиони денари
2018 година – 605.322.865 милиони денари
2019 година – 351.509.045 милиони денари или вкупно над две милијарди денари или повеќе од 33 милиони евра.
За сликата да биде комплетна, истакна Андреевски, во тоа имале помош од некој во Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ), за што во СДСМ во тоа време не го знаеле, но денеска го знаеле“. 
„Тој некој е претседателката на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Маркова, која како член на Регулаторна Комисија од 2011 година до 2017 година од функција на член гласала за доделување на лиценци на наведените фирми и личности. Таа гласала и за укинување на евтината тарифа, за покачување на струјата за 100 отсто, за неносење на новиот закон за енергетика, за исклучените граѓани од парно на територијата на Град Скопје да плаќаат сметки иако не користат парно греење“, нагласи Андреевски во последниот ден од изборната кампања за претстојните парламентарни избори. 
Енергетика Митко Андреевски Профит СДСМ хидроцентрали Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.