Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

0
By Zoran Ivanov on May 30, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 30, 2026 13:40

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека премиерот Мицкоски знаел за унгарското државјанство на Груевски. Таа истакна дека со месеци СДСМ укажувала оти Груевски има државјанства и патни документи од други држави, но според неа, Мицкоски свесно ги игнорирал тие информации и изнесувал неточни тврдења пред јавноста.

Мицкоски го знаел тоа цело време и свесно ги лажел граѓаните. Како и за се друго, како што лажеше за враќање на името, за поништување на Преспанскиот договор, како што лажеше дека е загрозен македонскиот идентитет. Така и за Груевски. Затоа Мицкоски изјавуваше дека Груевски ќе биде уапсен и затоа до денеска нема испратено документи за негова екстрадиција во Македонија. Се е јасно. Помина повеќе од еден месец откако беше најавено дека во Министерството за правда се подготвуваат документите за екстрадиција. Граѓаните слушаа најави дека документите се подготвуваат, дека патуваат, дека постапката за ново барање е во тек. И што се случи – документите никогаш не беа испратени, соопшти Кузеска.

Според неа, изјавите од Министерството за правда за продолжување на постапката се обид за, како што вели, создавање привид дека се работи на случајот, додека реални чекори не се преземаат.

Вчера Министерството за правда соопшти дека постапката за екстрадиција продолжува и покрај информациите за унгарско државјанство. Но и ова е лажна изјава за создавање привид дека нешто се работи. Да сакаа Мицкоски и Филков досега барањето за ексрадиција ќе беше испратено, веднаш по најавите на новиот унгарски премиер, Петер Маџар, уште пред еден месец дека Унгарија нема повеќе да биде заштитник на криминалци . Вистината е многу едноставна – Мицкоски и Филков не сакаат Груевски да биде екстрадиран, затоа го штитат. Мицкоски не го сака враќањето на Груевски затоа што тоа директно би ја загрозило неговата позиција во ВМРО-ОКГ. Ги тргна сите потпретседатели од партијата а од општинските комитети направи личен фан-клуб, поради страв од враќањето на неговиот ментор. Филков по секоја цена сака да ја зачува фотелјата, иако веќе се шпекулира дека ќе биде сменет. СДСМ бара веднаш да бидат испратени документите и да биде побара екстрадиција на Груевски, рече Кузеска.

 

Груевски документи Мицкоски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.