Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ со Предлог-закон за помош на семејствата на загинатите и повредените во Кочани

0
By Marija Todorovska on May 8, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 8, 2025 12:52

СДСМ денеска во Собранието ќе поднесе Предлог-закон за помош на семејствата на загинатите и повредените од пожарот во Кочани. Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека изготвиле добро законско решение и ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да го поддржат или да се вклучат во негово модифицирање ако имаат предлози, нагласувајќи дека целта не е да се политизира трагедијата.

Изработивме предлог-закон кој навистина мислам дека е добар. Има финансиска надокнада за семејствата коишто изгубија членови,  има финансиска надокнада за сите тие кои имаат трошоци за лекување, има некои поволности за децата кои сега губат настава во училиштата, нешто од аспект на социјалата, така што мислам дека е добро и квалитетно решение. Ќе го поднесеме во редовна собраниска процедура со цел да има простор да се вклучат повеќе чинители, да дадат коментари. Во еден дел се осврнуваме и на семејствата од претходните трагедии – Ласкарци, Тетово, „Беса-транс“, изјави Филипче по отворањето нова градинка во населба Пролет во општина Центар.

Очекува поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ иако, рече, имало коментар од владејачката партија дека нема да го поддржат нивниот предлог кога тие го најавиле.

 Предлог-законот нема за цел да ја политизира трагедијата. Ги повикувам заедно да го донесеме законот. Не сметам дека првичната изјава дека нема да го поддржат е во насока на политичка конфронтација. Искрено верувам дека не е тоа апсолутно знак дека не сакаат да им се помогне на семејствата. Во смисла на неполитизирање на оваа трагедија во Кочани, јавно ги повикувам да седнеме и разгледаме законот и да го поддржиме заедно, спремни сме и да се модифицира. Да им покажеме на граѓаните, на семејствата, дека  таква криза треба да не обедини и дека треба да работиме заедно да го унапредиме системот за такви трагедии повеќе да не се повторуваат, истакна Филипче

Венко Филипче Кочани пожар Предлог-Закон семејства Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.