Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Цените растат стандардот на граѓаните опаѓа – власта нема решение!

0
By Zoran Ivanov on May 15, 2025 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 15, 2025 20:23

Додека се распаѓа владината коалиција, граѓаните се оставени сами на себе – цените растат, стандардот опаѓа, економската состојба е катастрофална, рече на прес потпретседателката на СДСМ Кристина Костова.

Животот е сѐ поскап, а платите не мрдаат. Маслото за јадење, млекото, лебот, јајцата – основните прехранбени производи – сѐ е поскапено.

Пакување од 10 јајца, е веќе 113 денари, маслото за јадење над 90 денари, килограм брашно 49 денари, јогурт 87 денари, покачени се цените на млекото, сирењето. На пазарите исто така има посапувања на овошјето и зеленчукот. Црешите веќе станаа луксуз.

Последните податоци за потрошувачката кошничка се поразителни, зголемена е за 836 денари за еден месец. Веќе три минимални плати се потребни за да може да се преживее.

Една просечно македонско семејство со две деца не можат да ги покријат основните трошоци во месецот, платите не стигнуваат од први до први.

Како да се покрие храна, струја, вода, школо, лекови? Нема со што да се плати рата за кредит или кирија.

Народот се мачи како да истурка месец за месец, додека власта се гоштева со манго, папаја, октоподи.

Ова не се статистики, ова е суровата реалност на луѓето во Македонија. На пензионерите кои бројат денови до следната пензија. На младите семејства кои веќе не можат да си дозволат ни основни работи. На самохраните родители кои се борат со скапотијата. На сите оние што се трудат чесно да работат, а не можат да живеат пристојно.

Животот во Македонија никогаш не бил поскап, а Владата нема решение за високите цени.

Премиерот не знаел дека цените биле поскапени, па ќе чекал, да видел какви ќе биле анализите, па ќе реагирале. Ова не е само несериозно, ова е директно признание за промашените владини политики и тотална негрижа за стандардот на луѓето.

СДСМ со месеци наназад алармира и предлага конкретни решенија кои власта упорно ги одбива:

– Укинување ДДВ за храна.
– Зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра.
– Зголемување на платите во приватниот сектор.
– Поддршка за домаќинствата со најниски приходи.

Работниците гласно бараат повисоки плати, поголема минимална плата и власта не смее да ги игнорира, туку мора да преземе нешто.

СДСМ ќе продолжи да се бори за стандардот на граѓаните. Работниците, граѓаните, заслужуваат достоинствен живот, посочи Косотова.

ДПМНЕ Костова СДСМ социјала цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.