Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се бара правна форма за ослободување на лицата што деновиве влегоа во карантин

0
By Нова ТВ on June 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека Владата донела одлука за отворање на границите од повеќе причини. Прво затоа што R0 факторот за пренос на вирусот неколку денови бил под единица, дека многу мал дел од лицата во карантин или во самоизолација по влез во земјава развиле симптоми, како и поради тоа што Северна Македонија била единствена во регионот со затворени граници. Во меѓувреме, потенцира, се бара правна форма како да се ослободат од карантин или самоизолација сите лица кои изминатите денови влегоа во земјава.

„Ние во континуитет, според наши анализи, од 20 – 21 јуни имаме R0 фактор под единица, што сметаме дека е добар тренд. Сите овие анализи и бројки во смисла на предвидување ќе ги кажам со резерва, бидејќи секогаш има можност да се случи некое жариште кое е неочекувано и не сме го предвиделе. Ние сме една од ретките земји во регионот која имаше затворени граници и во таа смисла беше препораката границите да се отворат“, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека многу мал процент од тие упатените лица во карантин или во самоизолација развиле  симптоми. Тоа, потенцира министерот, се неколку десетици граѓани од илјадници кои беа изолирани во карантините.

„Во моментот се бара правна форма со која луѓето кои сега имаат решение за изолација и ги минале границите ќе се ослободат од изолацијата и од државен карантин. Правниците два дена интензивно работат на тоа поле и се блиску до решение“, рече министерот за здравство.

Филипче вели дека притисокот кон болниците не е таков каков што бил на почеток. Според него, има нешто помал број приеми во однос на бројката од минатата недела, но, како што потенцира, во исто време почнале и одреден број пациенти да се испишуваат.

„Димензионирањето на мерките и нивна имплементација зависи од капацитетот на болниците, увидот од тоа кои се заболени и кои се контактите, точноста на податоците и во таа смисла се и мерките на ослободување што ги препорачуваме со соодветни протоколи. Ова е ставот на комисијата. Будно се следи епидемиолошката слика и секако е дека е можно да се интервенира со некои мерки во одредени региони или населба, но во овој момент нема индикација да се прави некоја таква дополнителна мерка“, истакна Филипче за можноста за воведување на нови мерки.

Венко Филипче Карантин Лица мерки Ослободување Правна форма Самоизолација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.