Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЕ: Македонија меѓу земјите со највисока стапка на затвореници

0
By Нова ТВ on December 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 4, 2018 14:42

Советот на Европа (СЕ) денеска објави два извештаи, од кои првиот за еволуцијата на ситуацијата во европските затвори од 2005 до 2015 година, а вториот за еволуцијата на престапниците – странци кои се наоѓаат во затвор или на условна казна од 2009 до 2015 година.

Од податоците произлегува дека Република Македонија е меѓу европските земји со највисока стапка на затвореници (бројот на затвореници на 100.000 жители) .

Како што пренесува МИА, во извештајот „Затворите во Европа 2005-2015“ се открива дека од 2005 до 2015 година, географската распределба на стапката на затворања остана стабилна во Европа. Во 2005 година, овие стапки имаа тенденција да се намалуваат, одејќи од исток кон запад, со неколку исклучоци: Англија и Велс, Шкотска, Шпанија и Португалија со релативно високи стапки на затвореници, додека оние во Хрватска, Грција, Словенија и Турција беа ниски.

Од 2005 до 2015 година, земји со највисоки стапки на затвореници на 100.000 жители беа Албанија (од 109,3 до 207,2), Грузија (од 200,6 до 274,6), Литванија (од 233,4 до 277,7), Република Македонија (од 104,8 до 168,9), Црна Гора (од 134,5 до 176,8) и Турција (од 75,8 до 220,4). Од друга страна, Германија (од 95,7 на 77,4) и Холандија (од 94 на 53) се приклучија на земјите со најниски стапки , додека Естонија (од 327,4 до 210,3) и Латвија (од 313,4 до 223,4) во голема мерка го намалија бројот.

Овој извештај содржи информативен лист за секоја администрација во затворите, придружен со клучните податоци и табели кои ја прикажуваат еволуцијата на 17 индикатори, како и релативното рангирање на секоја земја (ниско, средно или високо ниво за секој индикатор) во споредба со 47. земји-членки на Советот на Европа, вклучувајќи ги и 28. земји-членки на ЕУ.

Информативниот лист за Република Македонија се наоѓа на следната адреса: http://wp.unil.ch/space/files/2018/12/The-FYRO-Macedonia.pdf

Според извештајот „Престапниците странци во затвор и условна казна во Европа“, во текот на последната деценија, просечниот процент на странски затвореници е генерално стабилен во Европа (12 проценти). Процентот на странци во затворската популација остана на ниско ниво во Централна и Источна Европа (помалку од 5 проценти), а поголем во повеќето земји од ЕУ и ЕФТА, каде што дури и се зголеми.

Извештајот истакнува дека во 2005 година малку земји имаа податоци за условна казна, бидејќи овие информации не беа собрани или дека во некои земји санкциите и алтернативните мерки за затворање се уште не беа применети. Во 2015 година, распределбата на стапките на условна казна во Европа беше многу хетерогена и не следеше јасна географска дистрибуција. Во исто време, бројот на лица кои биле на условна казна е поголем од бројот на затвореници.

Нордиските земји и Холандија имале ниски стапки на затворање и ниски стапки на условна казна. Спротивно на тоа, затворските администрации во Англија, Велс, Полска и Турција имале високи стапки на затворање и условна казна. За уште една група на земји, вклучувајќи ги Шпанија, Франција, Белгија, Луксембург и Грција, двете стапки беа умерени до високи.

Во 2015 година, процентот на странци ставени под надзор на службите за условна казна беше многу помал од процентот на странци кои се држеа во казнените институции. Според директорот на студијата, професорот Марсело Аби, постои сложена врска меѓу стапките на затворање и стапките на условна казна. Тоа што го откриваат податоците е дека отворените санкции и мерки не мора да се користат како алтернативи, туку како мерки што се применуваат во прилог на затворање.

Овие две детални траснсверзални студии беа спроведени од Универзитетот во Лозана, а кофинансирани од Европската унија и од Советот на Европа. Тие имаат за цел да обезбедат сигурен збир на податоци за главните индикатори за затворите и условите во 47 држави-членки на Советот на Европа, кои можат да овозможат подобра анализа на ситуацијата во оваа област и да помогнат националните власти да донесуваат информирани одлуки за криминални реформи.

Овие студии помогнаа да се ажурираат, систематизираат и стандардизираат податоците собрани во текот на годините за Годишната казнена статистика на Советот на Европа при затворските администрации и условните служби на целиот континент.

Европа Извештај Македонија Совет на Европа стапка на затвореници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.