По отстранувањето на споменикот на Андон Јанев – Ќосето, кој стоеше пред Врховниот суд, денес се остранува и постаментот кој според градските власти е дивоградба.

Споменикот во 2014 беше дониран од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, а сега се наоѓа во депото на Металниот завод Тито, каде што здружението, како што пишуваше НОВА, се уште нема пројавено интерес да си го земе споемникот.

Единствено општина Сопиште го побара споменикот за да го постави на кружниот тек кој го спојува Сопиште, новиот Сончев град и Скопје.

На местото каде што стоеше постамент со спомен обележје на Андон Јанев Ќосето за кој се констатираше дека е дивоградба, ќе биде насадено дрво „за човекови права“ под кое ќе биде изгравиран Членот 10 од Општата повелба за човекови права на Обединетите нации.