Министерството за здравство, по штотуку добиената информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во денешната статистика во делот кој се однесува на дистрибуција на заболени од Ковид-19 по градови, од денеска петте потврдени случаи во Штип, по завршување на епидемиолошката анкета, две лица се од Радовиш, а истите се тестирани преку ЦЈЗ Штип.

Согласно ова, од потврдени 53 нови случаи дистрибуцијата по градови денеска е следна: Скопје – 13, Куманово – 8, Штип – 3, Радовиш – 2, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.

Според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во:

Скопје – 221
Куманово – 93
Дебар – 49
Штип – 18
Радовиш – 2
Прилеп – 24
Тетово – 17
Струга – 23
Велес – 9
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 1
Крива Паланка – 2
Кочани – 7