Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се укинува задолжителната домашната изолација по државен карантин

0
By Нова ТВ on May 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 19, 2020 16:13

Патниците од странство кои влегуваат на територијата на Северна Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација, беше одлучено на денешната 55 владина седница.

Од владината прес-служба наведоа дека на денешната седница Владата го прифатила предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово.

„Владата, денеска, ја донесе Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за време на вонредна состојба, со која се уредува дека за време на траење на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31 декември 2020 година, при спроведување на вториот практичен дел од возачкиот испит на кандидат за возач, во возилото се присутни, претседателот на испитната комисија и испитувачот по практичен дел“, информираа од владината прес-служба.

На денешната седница е донесен новиот текст на Програмата за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации за 2019 година, со дополнување, според кое се предлага рокот во кој здруженијата и фондациите треба до Генералниот секретаријат да достават извештај за користење на средствата, од 30 јуни 2020 година да се продолжи до 30 ноември 2020 година, а Генералниот секретаријат да достави Извештај за реализација на оваа Програма до Владата на Република Северна Македонија, со финансиски показатели и образложение на постигнатите резултати, до 31 декември 2020 година.

„Владата, на денешната седница го разгледа Извештајот за работа на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во 2019 година, како и информацијата за намалување на финансиските средства за поддршка на здруженијата и фондациите и го прифати укажувањето на Комисијата за политички систем на Владата, да се разгледа можноста за обезбедување дополнителни финансиски средства наменети за граѓанскиот сектор“, посочија од прес-службата на Влада.

Влада Изолација Карантин мерка Самоизолација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.