Четири лица загинаа во пад на хеликоптер од типот „Ми-8“ на аеродромот „Анадир“ во рускиот автономен округ Чукотско, соопшти неименуван извор во локалната Влада.

Тој за агенцијата ТАСС, според прелиминарните информации, наведе дека уривањето на леталото е последица на технички дефект, мислење што сподели и извор од руското Министерство за одбрана.

Шефот на локалната администрација во округот Анадир, Сергеј Савченко изјави дека во несреќата загинаа четири руски војници.