Азербејџански воен хеликоптер се урна за време на пробен лет во вторникот, при што загинаа неколку членови на екипажот, соопштија властите. Не е кажано колку луѓе имало во хеликоптерот за време на несреќата.

Хеликоптерот се урна денеска околу 10:40 часот на аеродромот Гарахејбат кај Кизи за време на пробен лет. Има мртви и повредени меѓу екипажот, се вели во заедничкото соопштение на граничната служба и државното обвинителство на Азербејџан.

Несреќата се случи две недели по крвавите судири меѓу Ерменија и Азербејџан кои беа закана за примирјето што ја прекина војната меѓу двете земји лани, во која загинаа повеќе од 6.500 луѓе.

Последните борби, во кои имаше шест загинати на ерменска и седум на азербејџанска страна, беа запрени со руско посредништво.