Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се затвораат сите гранични премини и аеродромот во Скопје

0
By Нова ТВ on March 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 16, 2020 21:54

Македонија ги затвора сите гранични премини плус аеродромот во Скопје.  Оваа одлука ја соопштија министерот за здравство Венко Филипче и на министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес-конференција по вечерашната владина седница. Границите се затвораат за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила за претставниците на димпломатскиот кор во државава, како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес.

„Овие товарни возила и лица ќе влезат во Република Северна Македонија според посебни услови за заштита согласно протоколот на МЗ“, рече Филипче во Владата.

Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, Граничниот премин, освен за државни, воено, карго и  медицински хуманитарни и празни летови по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на оваа одлука.

„Не патувајте. Тој што утре планира да патува, неизвесно е кога ќе може да се врати оти државите затвораат граници, аеродроми. Немаме контрола врз границите на трети држави. Време е да седиме дома, да бидеме храбри и смирени. Тие, пак, што имаат регулиран престој во трета држава, да се воздржат од враќање и да ги следат препораките на тамошните власти“, апелира министерот за надворешни работи, Никола Димитров на вечерашната прес-конференција во Владата.

Тој се осврна и на состојбата со македонските државјани кои се заглавени или затечени на граничните премини. Ако внимание вчера беше насочено кон граничните премини меѓу Хрватска и Србија и Унгарија со Србија, попладнево фокусот бил насочен на унгарско-српската граница.

„Вечерва на унгарско-српската граница има приближно 200 македонски граѓани кои со помош на Романија и на Бугарија се очекува да пристигнат на граничниот премин „Деве Баир“ изутрина. Постои можност за организирање на хуманитарен конвој, но тоа е процедура и нема гаранција дека ќе биде дозволен. Повици има многу вечерва, од Загреб, од Виена, има брачен пар во Њујорк, мора да најдеме решение да ги вратиме дома“, истакна Димитров.

Освен апелот до македонските граѓани во земјата да се воздржат од патување и до македонските граѓани во странство да се воздржат од враќање дома, Димитров ги посочи и најавите од Европската Унија за затворање на границите во Шенген зоната за несуштински патувања. Дали ќе биде донесена таква одлука, според шефот на дипломатијата, останува да видиме.

Аеродроми апел граѓани Граници Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.