Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седницата за ДИК и за референдумот в сабота

0
By Нова ТВ on July 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потпретседателот на Собранието на РМ и пратеник од НСДП, Горан Мисовски, денеска изјави дека е постигната согласност меѓу власта и опозицијата за составот на ДИК и законските решенија што беа договорени на лидерската средба, и оти тие најверојатно во сабота ќе бидат донесени на собраниска седница на која ќе биде распишана и одлуката за референдумот.

– Не очекуваат клучни моменти за иднината на Република Македонија. Имаме усогласени предлози. Дајте да ја избереме ДИК, да ги донесеме тие три закони за кои веќе имаме согласност дека координаторите ги потпишале, да ги ставиме во процедура и да го утврдиме референдумското прашање, рече Мисовски на седницата на Комисијата за надворешни работи во делот на процедуралните дискусии.

Рече дека потоа секој ќе може да  ја води кампањата за референдумот. Ќе изнесе свои ставови за и против Договорот со Грција.

Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ претпладнево до кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери  конечно ги доставила предлозите за членови на ДИК од нивната партија.

Со ова се очекува да се одблокира процесот за избор на составот на ДИК.

Кабинетот на Џафери формалните известувања од политичките партии за предлозите за членови на ДИК ќе ги достави до претседателот на Комисијата за прашања на изборите Илија Димовски.

Димовски за МИА изјави дека седницата на Комисијата ќе ја закаже веднаш штом ќе ги добие материјалите од  претседателот Џафери.

Партиите неофицијално во јавноста веќе ги соопштија кандидатите за членови на ДИК, новиот состав што треба да го организира есенскиот референдум за името по Договорот со Грција.

СДСМ ги предлага Борис Кондарко, Јанаки Витановски и Радица Ристевска, а ВМРО-ДПМНЕ Оливер Дерковски и Елизабета Постоловска, ДУИ ја предложи Дитмире Шеху, додека БЕСА излезе со предлогот Енвер Салиу.

Претседател на комисијата ќе биде Дерковски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека консензуалниот договор на партиите беше овој привремен состав на ДИК да се бира по стариот модел со партиски претставници. За овие членови на ДИК треба да гласаат две третини од пратениците.

Дик референдум седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.