Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЕХА лига: Трета титула за Вардар во петтото финале

0
By Нова ТВ on April 10, 2017 СПОРТ
Фото: seha-liga.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 10, 2017 00:57

Вардар по третпат е победник во ракометната СЕХА лига. По 2012 година и во 2014 година, македонскиот првак славеше и во 2017 година за рекордна трета титула во натпреварувањето. Архивирана е по триумфот во големото финале, петто за вардарци, над Веспрем, бранител на тронот, со 26:21 (полувреме 11:11).

Заслуги за регионалниот успех одат кај сите во „црвено-црниот“ табор. Статистички гледано се издвоија неколку вардарови момчиња. Канелјас и Дибиров по бројот на погодоци (двајцата постигнаа по пет), а Штербик по бројот на одбрани (12). Покрај тоа што беше меѓу најефикасните во мечот за титулата, Канелјас го понесе и признанието за најкорисен играч на Фајналфор турнирот во Брест, Белорусија. Пет гола за унгарскиот тим постигна Момир Илиќ.

Фото: seha-liga.com

Финалето во „Викторија арена“ донесе израмнето прво полувреме во кое се истакнаа двајцата голмани од светска класа, Арпад Штербик на едната страна и Мирко Алиловиќ на другата. Беа како ѕидови за противничките ракометари за кои беа тешко совладливи. Вардар имаше за нијанса подобар вовед, а Веспрем набрзина успеа да воспостави рамнотежа, па на одмор се замина со нерешени 11:11.

„Црвено-црните“ влегоа помотивирани во продолжението. Наидоа и на симпатии кај неутралните фанови во Брест кои го скандираа името на македонскиот шампион за време на десетминутната пауза што наместо во соблекувална ја мина на теренот. Благодарение на реализациите на Мораеш и Дибиров во само 15 секунди, вардарци за првпат имаа плус три (17:14) во 40 минута од финалето што беше причина за Чави Сабате да побара тајм-аут. Првенствено да се обиде да го прекине налетот на Вардар и да ги смири своите ракометари.

Фото: seha-liga.com

И успеа. Веспрем израмни на 17:17 по што Гонзалез го стори истото. Советите на вардаровиот тренер и македонски селектор дадоа резултат. „Црвено-црните“ постигна пет гола во низа, во меѓувреме не примија ниту еден, и поведоа со 22:17. Од тој момент Вардар ја презеде и цврсто држеше контролата во натпреварот и не дозволи да биде нарушен наметниот ритам ниту со последната минута одмор на Сабате.

Двата тима кон крајот на месецот ги очекуваат нови силни меѓународни настапи. По распоред се четврт-финалните двомечи во Лигата на шампиони во кои ќе нападнат место на Фајналфор турнирот во Келн каде е можен и нов судир меѓу македонскиот и унгарскиот состав.

Вардар – Веспрем 26:21 (11:11)

Спортска сала „Викторија“ во Брест. Гледачи: 3.000. Судии: Матија Губица и Борис Милошевиќ (Хрватска).

Вардар: Штербик (12 одбрани), Милиќ (1 седмерец), Стоилов 1, Поповски Фереира Мораеш 2, Македа 1, Деревен , Карачиќ, Душебаев 1, Абутовиќ, Канелјас 5, Циндриќ 3, Чупиќ 1, Дибиров 5, Борозан 3, Марсениќ 4. Тренер: Раул Гонзалез.

Седмерци: 2/4. Исклучувања: 8 минути.

Веспрем: Миклер (4 одбрани), Алиловиќ (13 одбрани, 2 седмерца), Гулјаш, Иваншик 2, Шух, Илиќ 5, Палмарсон 2, Гаиќ 1, Нилсон 1, Наѓи 2, Угалде 3, Маргуч 1, Терзиќ, Благотиншек, Сулиќ, Лекаи 4. Тренер: Чави Сабате.

Седмерци: 3/4. Исклучувања: 8 минути.

Идеален тим на Фајналфор турнирот на СЕХА лигата во Брест

Голман: Мирко Алиловиќ (Веспрем)

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Вуко Борозан (Вардар)

Среден бек: Хоан Канелјас (Вардар)

Десен бек: Даинис Кристопанс (Мешков Брест)

Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)

Кружен напаѓач: Андреас Нилсон (Веспрем)

Најдобар дефанзивец: Ласло Наѓи (Веспрем)

МВП: Хоан Канелјас (Вардар)

Најдобар стрелец во сезоната: Блаж Јанц (Целје) – 120 гола

Брест Вардар Веспрем ракомет СЕХА лига Фајналфор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.