Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Села: Не влегуваме во Влада, иако во политиката никогаш нема НЕ

0
By Нова ТВ on March 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села не верува дека има шанса да се вратат во Владата, но сепак остава простор и за поинаков начин да се одвиваат работите, бидејќи како што вели „во политиката никогаш не постои не“.

-Не верувам дека таква шанса ќе има, бидејќи се работи за достоинство. Никогаш не сме дозволиле некој да се игра со нас, нема да дозволиме тоа пак да се случи. По политиката никогаш не постои – НЕ, но од друга страна во вакви околности не, вели Зијадин Села во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Во врска со Законот за употреба на јазиците и реакциите во јавноста за начинот на којшто беше донесен, но и во однос на содржината од дел од експертската јавност, Села вели дека работите сепак не се онакви какви што се претставуваат во јавноста.

-Зборуваме дека законот е донесен без дебата што не е вистина. Можноста за дебата во врска со законот имале сите. Забораваме дека во 2008 беа донесени над 100 закони, меѓу кои и законот за употреба на јазиците од страна на истите политички актери кои сега се спротивставија на законот и кои бараа да има јавна дебата. Паметите во 2008 како се донесе законот? Значи ова беше непотребна реакција од нивна страна. Ова е само играње политики и патриотизам пред народот, а не им е тоа целта, бидејќи истите политички актери, јас многу добро сум информиран, кога беше во прашање да се формира ново мнозинство го прифатија истиот закон и не се согласуваа само со Специјалното јавно обвинителство. Значи се работи само за театар, за ништо друго. Овој закон за волја на вистината требаше да се донесе во 2004 година кога требаше да се исполни законската рамка на Охридскиот рамковен договор, значи доцниме 14 години. Законот за употреба на јазиците е многу важен закон за албанското општество тука во Република Македонија и мислам дека не треба да се дели дали е тоа дел од реформите или не е дел од реформите. Дел од реформите е почитување на елементарните права на граѓаните, употребата на јазикот е елементарно право на секој граѓанин. Изјавите на некои, како што тврдите вие, претставници на амбасади мислам дека се неодговорни и можеби не ги знаат доволно политичките случувања и затоа даваат такви изјави, вели Села.

 

Влада Закон за јазици интервју Радио СЛободна Европа Села
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.