Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Серија А: Пандев со сезонски првенец пред Роналдо, бламажа на Наполи

0
By Нова ТВ on September 3, 2018 СПОРТ
Фото: tuttomercatoweb.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Горан Пандев го постигна првенецот во Серија А во новата сезона, но неговата Џенова не успеа да избегне пораз во третото коло. Сасуоло ја доби голеадата на домашен терен со 5:3 и остана веднаш зад Јувентус на врвот на табелата во италијанското првенство. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација беше во почетниот тим кај гостите, одигра цел натпревар и во листата на стрелци се впиша во 70. минута за намалување на 5:2 во тие моменти.

Италијанската јавност, навивачите и стручниот штаб на Јувентус ќе мора да причекаат барем до наредното коло на премиерниот гол на Кристијано Роналдо што, секако, и самиот го посакува. „Старата дама“ славеше над Парма на „Енио Тардини“ со 2:1, но Португалецот и во третиот настап не успеа да поентира.

Сампдорија го декласира Наполи со 3:0 за прв триумф во калчолигата во оваа сезона. Два гола за џеновјаните постигна Грегори Дефрел во 11. минута и во 32. минута, третиот беше дело на Фабио Квалјарела во 75. минута.

Минимални победи по 1:0 забележаа Торино над СПАЛ, Фиорентина против Удинезе и Лацио со Фрозиноне и Калјари на гостувањето кај Аталанта.

Серија А, 3 коло

Сасуоло – Џенова 5:3

Сампдорија – Наполи 3:0

Торино – СПАЛ 1:0

Лацио – Фрозиноне 1:0

Киево – Емполи 0:0

Аталанта – Калјари 0:1

Фиорентина – Удинезе 1:0

Болоња – Интер 0:3

Парма – Јувентус 1:2

Милан – Рома 2:1

Табела: Јувентус 9, Сасуоло 7, Фиорентина 6 (-1), СПАЛ 6, Наполи 6, Аталанта 4, Интер 4, Емполи 4, Рома 4, Удинезе 4, Торино 4, Калјари 4, Сампдорија 3 (-1), Милан 3 (-1), Џенова 3 (-1), Лацио 3, Парма 1, Болоња 1, Фрозиноне 1, Киево 1.

Горан Пандев Наполи Серија А фудбал Џенова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.