Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Серија А: Рома трипати водеше, Џенова замина со бод од „Олимпико“

0
By Нова ТВ on August 25, 2019 СПОРТ
Фото: ilromanista.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рома и осма сезона во низа не знае за пораз во воведните мечеви во Серија А, но вечерва не знаеше како до победа против Џенова на Горан Пандев. „Волчицата“ трипати водеше на „Олимпико“, а гостите од „Луиџи Ферарис“ стадионот трипати се враќаа и на крајот понесоа голем бод од Вечниот град.

Ченгиз Ундер во 6. минута погоди за водство на римјаните, десет минути подоцна возврати Андреа Пинамонти за 1:1. Един Џеко во 30. минута се погрижи за нова гол залиха на составот на Пауло Фонсека на што гостите одговорија во 43. минута преку Даниел Кришито од белата точка за 2:2.

Набрзо по паузата (48 минута), Александар Коларов со прекрасен гол од слободен удар ја враќа Рома на плус еден (3:2) меѓутоа и тоа не беше доволно за домашните за три бода. Кристијан Куаме во 70. минута по третпат го израмни резултатот (3:3) во Рим што остана и конечен. Горан Пандев ги одигра последните десетина минути, вклучувајќи го и судиското надополнување.

Удинезе, претходно, го совлада бледиот Милан со 1:0. Единствениот гол на „Дачија арена“ во Удине го постигна Родриго Бекао во 72. минута, две минути по влегувањето во игра на Илија Несторовски.

Серија А, 1 коло

Рома – Џенова 3:3

Сампдорија – Лацио 0:3

СПАЛ – Аталанта 2:3

Калјари – Бреша 0:1

Верона – Болоња 1:1

Торино – Сасуоло 2:1

Удинезе – Милан 1:0

Сабота

Фиорентина – Наполи 3:4

Парма – Јувентус 0:1

Понеделник

Интер – Лече (20.45 ч.)

Рома Серија А фудбал Џенова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.