Последните санкции кои Обединетите Нации ги изгласа за Северна Кореја, според Ким Јонг Ун се „акт на војна“.

Според севернокорејското Министерство за надворешни работи, мерките се еднакви на тотална економска блокада.

Санкциите на ОН се одговор на последните нуклеарни тестирања на Северна Кореја во петокот, а се надоврзува на санкциите од САД и ЕУ кои веќе се на сила.

„Насилно прекршување на суверенитетот на републиката и акт на војна кој ги уништува мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров“, смета севернокорејското МНР.

Ким Јонг Ун смета дека ова е резултат на се поголемата нуклеарна сила со која располага неговата земја.