Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија во исчекување на датум за преговори, државниот врв верува во поддршка

0
By Нова ТВ on October 12, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните и Северна Македонија во исчекување на одлука за датум за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. Друга алтернатива за државниот врв не постои и верува во поддршка од земјите членки на Унијата.

„Северна Македонија ги исполни буквално сите предуслови за почеток на преговорите. Стабилноста на целиот регион е директно поврзана со евроинтеграциските процеси, а Западен Балкан е дел од Европа и важен за проектот на обединета Европа“, истакна претседателот Стево Пендаровски на вчерашната прес-конфернција во Виена по средбата со претседателот Александер Ван дер Белен.

Сојузниот претседател Ван дер Белен, притоа, ја реафирмираше австриската поддршка за македонските евроинтеграциски процеси и истакна дека земјава заслужува да добие датум за почеток на претпристапните преговори.

Според премиерот Зоран Заев, интересот на Република Северна Македонија да почне преговори со ЕУ не се само наш интерес туку и интерес на целиот регион. Тој очекува Софија да даде поддршка на почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ и оти тоа произлегува како обврска и од Договор за пријателство, добрососедство и соработка.

„Бугарскиот и македонскиот народ се пријателски народи. Ние политичарите треба да им служиме. Јас верувам дека Бугарија ќе даде поддршка на добивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ. Тоа е обврска и од Договорот што го имаме и за кој двете страни мора да водат грижа за неговото исполнување. Наша намера е да продолжиме да изнаоѓаме начини за решавање на работите од кои двете земји и двата народа ќе излезат како победници“, рече Заев.

Вицепремиерот Бујар Османи, кој една недела пред донесување на одлуката беше во посета на Италија, смета дека нашите напори привршуваат и кредибилитетот на Европската Унија од денес е во рацете на земјите членки.

„Не можеше подобар финиш на турнејата по европските метрополи во пресрет на октомврискиот самит на ЕУ од посетата на Италија. Со новиот министер за европски прашања, Винченцо Амендола, не само што обезбедивме зелено светло за почеток на преговорите туку и цврсто уверување дека Италија ќе ги искористи сите можности за да се обезбеди потребниот консензус за Република Северна Македонија“, изјави вицепремиерот Османи.

И претседателот и премиерот не очекуваат пречка за добивање на датум за преговори да биде Франција која, на министерскиот состанок во Луксембург идната недела, сака да поднесе предлог за нова методологија во пристапните преговори за членство во ЕУ што би значело трето одложување на одлуката за отворање преговори за Северна Македонија и за Албанија. 

„Франција е наш голем пријател. Информациите ни кажуваат дека се бара методологија за забрзување на преговорите, но може и да ги врати назад. И тоа е фер позиција затоа што ние не сакаме само да преговораме, да отвораме и затвораме поглавја, туку сакаме да се трансформираме кон подобро и да станеме еднакви, од сите можни аспекти, со Европа и европските народи. Верувам дека вградување на една таква методологија, сепак, нема да биде пречка за донесување на одлуката за почеток на преговори со ЕУ. Нема земја што денес е членка на ЕУ или преговара со ЕУ која направила повеќе од РСМ за да ја добие заслужената одлука за почеток на преговорите“, вели Заев, нагласувајќи дека е оптимист и дека сепак не би сакал да избрзува со какви било заклучоци

Претседателот смета дека Франција не нè блокира и дека не станува збор за француско вето за почеток на пристапните преговори.

„Франција со право бара подобрување на методологијата во преговорите со која што придобивките и напредокот при преговарањето по сите различни поглавја, 35 како што се предвидени, да биде неповратен. Значи, кога ќе се оствари напредок да има јасни критериуми дека тоа е напредок и дека нема да има назадување неколку години откога ќе ги поминете преговорите и откако ќе станете членка на Европската Унија“, рече Пендаровски.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние изјави дека прашањето за датумот е едно, а друго се принципите, кои се важни колку што е важно и да соработуваме.
„Ако има нешто што нè обединува, нас европските претставници, тоа е едно нешто: на Северна Македонија, по сите досегашни напори и напорите што ќе следуваат, местото ѝ е меѓу нас во ЕУ, да соработуваме. Можам да ви кажам дека сме мотивирани за соработка“, изјави Тимоние на свеченоста по повод 11 Октомври во Куманово.
датум ЕУ Зоран Заев Македонија преговори Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.