Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СГС „си гази“ – добива тендери за патарини, музеи, училишта, болници

0
By Нова ТВ on August 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата за обезбедување СГС ( Секјурити груп сервисис) од Скопје, и натаму е неприкосновена во овој бизнис и продолжува да добива тендери од државните институции. Последниот договор е објавен вчера на интернет страната на Електронскиот систем за јавни набавки, а е склучен со новиот Археолошки музеј во Скопје. За обезбедување на музејот во период од една година, СГС ќе искешира 140.000 евра.

И на овој оглас, како во речиси секој кој што го добива оваа агенција, СГС бил единствен понудувач. Интересно е што во овој случај како лице за контакт за тендерот е наведена Весела Честоева, која е директор на Археолошкиот музеј.

026_otvaranje_640x400
Директорката на Археолошки музеј Весела Честоева, во друштво со министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и екс премиерот Никола Груевски

Ова е седми тендер за обезбедување на државна установа што го доби СГС од почетокот на годината, а сите тие се во вредност од 911.000 евра. Во шест била единствен понудувач на тендерот, само во случајот со болницата во Велес, кога имало уште една пријавена агенција.

Најприходната агенција за обезбедување, оваа година ги доби зделките и со ТЕЦ Неготино (34.000 евра), А.Д. Електрани (46.000 евра), Болница Велес ( 34.000 евра), Град Скопје за обезбедување на сите средни училишта (227.000 евра), Салата Борис Трајковски за период од три месеци (8.600 евра), Археолошкиот музеј (140.000 евра) и најголемите пари доаѓаат од Државни патишта за обезбедување на наплатните рампи, договор склучен во јули во вредност до 422.000 евра за период од две години.

Од почетокот на својата работа во 2012, па до крајот на 2015 година. мистериозната агенција добила 56 државни тендери, а од нив дури на 46 била единствен понудувач. Или во пари, за само четири години СГС од државниот буџет и од општинските каси искеширала 16 милиони евра.

agencija-sgs

СГС е основана на 20 декември 2010 година. Прв сопственик е фирмата НВСП, чија примарна дејност е посредување и консалтинг. Сопственик на НВСП е Владимир Стајковиќ кој освен што е сопственик на фирмата, тој е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ “, компанија во сопственост на извршниот директор на Т-Мобиле Жарко Луковски, чиј што кум е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Компанијата НВСП се појавуваше и во разговорите од прислушуваните материјали во скандалот со израелската опрема. Стајковиќ, меѓудругото е и член на надзорниот одбор на Државната видео лотарија, а неговиот брат е на функција во МВР. НВСП е сопственик на СГС до 8 мај 2012 година, кога газда станува извесен Дејан Ќировски. Управител за цело време е 48-годишниот Мирољуб Давидов.

Првиот сопственик на СГС,Владимир Стајковиќ, е еден од помилуваните лица од страна на Претседателот Ѓорѓе Иванов, заедно со останатите 55 функционери од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нивни соработници.

314800-se-otkazhuvam-od-diplomatskiot-pasosh-prodolzhuvam-da-se-boram-za-makedonija

За СГС во јавноста провејуваа шпекулации дека е поврзана со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Овие шпекулации никогаш не се докажале. Но, СДСМ кога објави една од „бомбите“, тврдеше дека зад СГС стои Мијалков. Според претседателот на општинската организација на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев, Мијалков успева да издејствува милионски бизниси за оваа компанија, одлучува какви возила да бидат набавени, договара тендери и го обвинува Дејан Митревски ­ Урко што се расчуло чија е агенцијата СГС.

Агенција за обезбедување Археолошки музеј Сашо Мијалков СГС тендери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.