Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шаќири: Ако се погледне наназад 10 отсто е највисокиот процент понуден за покачување на платите во образовниот сектор

0
By Biljana on April 19, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за образование, Јетон Шаќири на денешната владина седница посочи дека утрово искомуницирал со претседателот на Синдикатот, но укажа дека со најавите за генерален штрајк, никогаш не било посочено оти ќе има прекин во наставата.

„Сакам што поскоро образовниот процес да продолжи. Ние имавме состанок со Советот на СОНК, се дискутираа неколку теми и беше кажано тоа што е сега во јавноста за покачување на платата од 2500 денари. Ние може секојдневно да бидеме во преговори, но не сакам да има последици на образовниот процес. Членовите на СОНК имаат дискутирано за тоа и имаат одлучено дека 95 проценти од членовите се за тоа да не се прифати десетпроцентното покачување“, изјави денеска Шаќири.

Според него, ако се погледне наназад низ годините, 10 проценти е највисокиот процент понуден за покачување на платите во образовниот сектор. Тој вели дека се наоѓаме во економска криза, но и покрај ова, никогаш не било кажано дека нема да има покачување.

„Има простор за дискусија, но треба да се има предвид дека во претходните години не сме имале криза како во моментот. Денеска имав комуникација со претседателот на СОНК. Не треба со СОНК да имаме различни информации. Имаше изјава дека не е вистина дека е дадена оваа понуда од Владата. Не сакам вакви дезинформации“, додаде министерот.

Тој најави и нови преговори за да се разгледа ситуацијата.

„Кажано е дека ќе го направиме максимумот според состојбата во која се наоѓаме. Ќе имаме период на преговори за да ги разгледаме овие ситуации. Има различни видови на штрајк, но во дописот кој беше испратен до МОН за генерален штрајк не беше кажано дека со штрајкот ќе има прекин на настава. Директорите одлучуваат како ќе се одвива наставата или крајно нека одлучат родителите, тие нека проценат дали ќе ги однесат децата. Требаше да известат дека ја прекинуваат наставата. Донесена е одлука за генерален штрајк и немавме некои други известувања. Наставниците треба да имаат предвид во какво време се наоѓаме, нека ги известат децата особено учителите од прво до петто одделение“, апелираше Шаќири.

Македонија образование преговори Шаќири штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.