Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шанса да ги прескокне Федерер и Надал: Ѓоковиќ во Њујорк по рекордна 21 гренд слем титула

0
By Sashko on July 12, 2021 СПОРТ
Фото: atptour.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новак Ѓоковиќ, вчера попладне, по шести пат во кариерата ја освои титулата на Вимблдон по победата во финалето над Италијанецот Матео Беретини со 3:1 во сетови. Со тоа, српскиот тениски ас се израмни со Роџер Федерер и Рафаел Надал, па сега сите тројца имаат по 20 гренд слем трофеи, но веќе на Ју-Ес опен ќе има прилика да ги престигне од најмалку две причини.

Првата – бидејќи оваа сезона е во одлична форма, а втората е бетонот во Њујорк што е негова омилена подлога. Мотив ќе бара и во непријатното ланско искуство на турнирот, кога со топче погоди судијка кој, пак, како покосен падна на теренот, па Американците го дисквалификуваа.

Но, тоа не е од статистиката по финалето на Вимблдон. Ѓоковиќ стана четврти тенисер во историјата со три освоени пехари на лондонската трева по Роџер Федерер, Бјорн Борг и Пит Сампрас, а само 10 тенисери во Опен ерата успеале да го одбранат веќе освоениот трон на All England Club.

Ѓоковиќ кон титулите на Австралија опен и на Ролан Гарос оваа сезона, ја додаде вимблдонската и стана прв тенисер по последните 52 години кој успеал да слави на првите три гренд слема во една календарска година. Тоа претходно му појде од рака на Род Лејвер во 1969 година, тогаш по вторпат во кариерата по 1962 година. И во двата случаја тој подоцна ја покоруваше конкуренцијата и на Ју-Ес опен.

Останатите тенисери кои триумфираа на сите четири гренд слем турнири во една сезона се Џек Крафорд во 1933 година, Дон Баџ во 1938 година и Лу Хоуд во 1956 година.

Ѓоковиќ е првиот тенисер кој по повеќе од десет години победил и на Ролан Гарос и на Вимблдон во иста сезона, по Рафаел Надал во 2010 година, а се додаде и во уште статистичка категрија. Србинот се придружи на Лејвер, Федерер и Борг како единствено во Опен ерата кои успеале со пресврт да стигнат до титула во едно лондонско финале.

Вимблдон Ју-Ес опен Новак Ѓоковиќ Рафаел надал Роџер Федерер спорт тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.