Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Шанса за Центар“ ги повика партиите на дебата за приоритетите на Општината – СДСМ прифати

0
By НОВА ТВ on October 23, 2021 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ ги повика сите учесници во Советот на Општина Центар на дебата за да се зацртаат приоритетите на општината.

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, соопшти дека ја прифаќа поканата на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ за дебата околу приоритетите во наредните четири години во општината Центар

– Како демократска партија сметаме дека секоја дебата е во интерес на подобри решенија за граѓаните и секогаш ја поддржуваме. На дебатата Герасимовски и претставниците од коалицијата ќе ги презентираат своите ставови во однос на клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на општина Центар, соопшти Герасимовски преку прес – центарот на СДСМ – Општина Центар.

Инаку, денеска граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ ги повика на јавна дебата политичките партии кои освоија места во Советот на општината Центар. На дебатата од „Шанса за Центар“ очекуваат да се постигне консензус околу приоритетите и развојните цели за Општина Центар.

– „Шанса за Центар“ е на став дека без оглед на различните политички погледи, можеме да покажеме  дека суштински разбираме што е граѓански и јавен интерес и дека можеме натпартиски да соработуваме. Соработката мора да е врз основа на издржани решенија и добри пракси за надминување на проблемите на сите граѓани. Поделбите во нашето општество не придонесуваат за развој, квалитет, ниту пак за модернизација на процесите на управување. Центарот на главниот град кој заслужува да биде европска метропола, може да се развива само преку обединување на сите сили во полза на граѓанските интереси, наведуваат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

Од граѓанската иницијатива напоменаа дека нема да коалицираат со ниту една партија во Советот на Општина Центар, туку може само да соработува тоа значи развој на Општината.

Во Советот на Општина Центар најмногу членови, според освоените гласови од локалните избори, ќе има СДСМ, потоа следуваат ВМРО – ДПМНЕ, Левица и „Шанса за Центар“.

дебата избори приоритети СДСМ Совет на Општина Центар Центар шанса за центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.