Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

#Шарена револуција: Засилени протестите за власта кривично да одговара

0
By Нова ТВ on April 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 21, 2016 22:16

Лица исцртани со различни бои, стари и млади, повици за уште поголема масовност и неотстапување од барањата за политичка одговорност е сликата и од денешниот 10. по ред протест на граѓаните обединети под слоганот #Шарена револуција.

Ова е најмасовниот протест во овие две недели, на кој учествуваа илјадници граѓани, но нивното движење низ скопските улици беше ограничено од полициски кордони од причина што истовремено во центарот на Скопје, односно пред Собранието се одржуваше и контрапротест.

Дел до присутните порачаа граѓантие да останат на улиците, бидејќи тоа е единствената форма на притисок по одлуката на Иванов за колективна аболиција на сите политичари и со тоа нивно ослободување од кривична одговорност.

-Шарената револуција, диферзитетот, на улиците на Скопј се гледаат старо, младо, се гледаат сите знамиња. Многу е важно обединувањето кое се случува во борбата за слобода. Им порачувам на сите граѓани да излезат на улиците, ние се соочуваме со разбудени луѓе. Ние во моментов се бориме за она што нас како граѓани ни припаѓа. Неодењето во Виена не е лоша позиција, сега граѓантие треба да останат на улиците се додека не се исполнат сите барања кои се однесуваат на доброто на сите граѓани на оваа држава, порача директорката на Хелсиншкиот Комитет – Уранија Пировска.

Дел од повозрасните кои се придружија на денешниот протест велат дека на улиците се поради константното „перење мозоци“ кое влста им го сервира на граѓаните.

-Ова што го направи претседателот е голем срам на државата. Мислам дека претседателот ќе собере храброст срамот да го испере самиот, рече еден од присутните демонстанти за НОВА.

-Оваа власт не прави при очи слепи, на ушите глуви. Не сакаме да ни ги перат мозоците, сакаме да живееме слободно со нашиот ум, не сакаме да не тероризираам криминалци, да седат во  власта и да зборат дека се во право, додека ние гледаме сѐ, дополни друг демонстрант.

Протестот започна пред Специјалното јавно обвинителство, од каде што колоната демонстранти се движење до ЕУ Инфо Центарот. Таму засилено полициско обезбедување не дозволи протестот да продолжи, по што демонстрантите се вратија кон Влада.

Во близа на Соборната црква на улицата „Партизански одреди“ сепак демонстрантите се сретнаа со контредемонстрантите кои тргнале на протест со автобуси од цела Македонија, но кордонот од специјалци и самите редари меѓу граѓаните на протестот не дозволија да дојде до судир меѓу двете групи.

Протестот на кој граѓаните се обединија под движењето #Протестирам до 21 часот се одвиваше пред Влада. Владината зграда на Илинденска повторно беше обоена со „боите на шарената револуција“, а освен тоа големи количини на боја демонстрантите истурија на самата улица пред објектот на Владата.

Демонстрантите обединети под граѓанската палтформа #Протестирам бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и е покренато обвинение од Специјалното обвинителство. Се бара итна и неотповиклива оставка на Иванов од функцијата претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, како и  формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите на СЈО.

Дел до барањата исто така се и итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5. јуни, задолжително присуство на претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата. Тие сметаат дека процесот на решавање на кризата треба  да се одвива на територијата на Македонија и тоа  сè додека не се формира преодна Влада која ќе ги имплементира реформските приоритети од Извештајот на Прибе.

Се до исполнување на овие барања протестите нема да стивнат.

#Шарена револуција аболиција демонстранти Димитриев. оставка Иванов протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.