Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шарената револуција во понеделник повлекува црвена линија: Доста е!

0
By Нова ТВ on June 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 4, 2016 20:15

Граѓаните кои се вклучија во Шарената револуција, она што настана како идеја а се претвори во движење, за излез од политичката криза, за во понеделник ги најавија своите услови после речиси два месеци протестирање низ улиците во Македонија.

Нивното обраќање преку социјалната мрежа Фејсбук во целост:

Граѓанки и граѓани,

шести јуни е датум со силно значење за сите нас, датум со крв врежан во нашите сеќавања. Ден кога сите ние дознавме за свирепоста, бруталноста и способноста на власта да сокрие убиство на дете – Мартин Нешковски.

Пет години подоцна, овој датум ќе добие уште поголемо значење. Два месеца неуморно протестираме за слобода, правда и еднаквост. Ширум Македонија, десетици илјади граѓани во последниве 55 дена излегоа на улиците, а можеме само да претпоставиме уште колку има кои поради притисок и закани не смеат да протестираат. Наша прва победа е одложувањето на криминалните избори кои требаше да се случат оваа недела. Но, два месеца протестираме и против аболицијата на криминалците од власта. Токму тие криминалци не сакаат мирно да се повлечат и да им се суди за нивните злодела.

Досега им дадовме доволно време! Дојде часот да ставиме крај на оваа криза! Ве повикуваме сите на 6 јуни (понеделник), во 18 часот пред СЈО, да го најавиме крајот на криминалното владеење во Македонија.

Да бидеме точни, да бидеме бројни и да бидеме гласни! На сите да им кажеме јасно и гласно што бараме! Нашето трпение помина! Нема повеќе изговори и бегање од граѓаните кои речиси два месеца, храбро и истрајно се бореа против овој режим.

Во понеделник соопштуваме бескомпромисен план за излез од кризата, со цврсти рокови од кои нема отстапувања. Ја повлекуваме црвената линија! Од понеделник одбројуваме! Кризата траеше доволно долго! Во понеделник, граѓаните ќе кажат како ќе ја надминеме! Нема веќе да не гледаат од шест, но ќе не гледаат секој ден – се посилни. Од 6 јуни веќе ништо нема да биде исто!

Да живее Македонија и сите оние кои веруваат во слобода и демократија!

#ШаренаРеволуција #Протестирам

#Шарена револуција аболиција демонстранти протестирам СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.