Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Одбројуваме до полноправно членство во НАТО

0
By Нова ТВ on January 29, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пренесување на искуствата и најдобрите практики за прилагодување на работните процеси на Постојаната мисија на Република Северна Македонија во НАТО и надлежните државни институции со обврските за претстојното полноправно членство е целта на работилницата која денеска ја организира Министерството за одбрана со претставници од делегација на Обединетото Кралство во НАТО.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која заедно со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј присуствуваа на работилницата, изрази задоволство што со британска поддршка ја организираат првата серија подготовки како домашниот систем на државата ќе функционира во соработка со нашата Постојана мисија во НАТО и на кој начин да го извлечеме максимумот од нашето членство во најмоќниот воено-политички сојуз на денешнината.

„Република Северна Македонија ги прави последните чекори пред членството во НАТО Алијансата, нашиот стратешки и државен приоритет број 1. Денеска ги правиме и последните чекори во подготовката. Нашата амбиција не е само да бидеме член во Алијансата, туку да бидеме добро подготвена членка која целосно ќе ги искористи предностите на НАТО членството“, рече Шекеринска.

Таа оцени и дека вестите кои доаѓаат од Шпанија се позитивни, последна од членките на Алијансата која требада го ратификува протоколот за членство.

„Очекуваме во следните неколку недели овој процес на ратификација да се заврши и веќе на 11 февруари нашето Собрание да даде зелено светло за ратификацијата на нашиот протокол за членство во НАТО“, додаде Шекеринска.

Амбасадорката Рејчел Галовеј изјави дека Обединетото Кралство е особено гордо на силните безбедносни и билатерални врски со Северна Македонија, кои се зајакнуваат во изминатите години и ќе продолжи со поддршката на евроинтеграциските процеси на земјата.

„Ни претставува задоволство што во пресрет на исполнувањето на вашата цел за членство во НАТО, нашата делегација од Брисел е тука и може да помогне подобро да се подготвите. Ги поддржуваме реформите што се преземаат и ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина. Имаме тим на Криволак кој работи со припадници на Армијата, како и советник во Министерството за одбрана и ќе продолжиме и во иднина“, изјави Галовеј.

Северна Македонија, посочи Галовеј, веќе има силна улога во НАТО и сега ќе го заземе полноправното место во структурите за носење одлуки.

„Ние тоа го видовме, кога знамето на Северна Македонија гордо се развиори на НАТО самитот во Лондон во декември минатата година“, рече Галовеј.

Македонија НАТО Подготовки Радмила Шеќеринска членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.