Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Празното место на Дурловски покажува дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ е празна

0
By Нова ТВ on July 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Празниот пулт на Дурловски покажува колку и самите се свесни дека е празна и понудата на ВМРО-ДПМНЕ, дека нема што да им понудат на граѓаните и докажува дека бегаат од сите ненарачани прашања и дуели, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во петтата изборна единица, Радмила Шекеринска на вечерашната дебата на телевизија Телма на која не присуствуваше кандидатот од истата изборна единица од коалицијата „Обнова за Македонија“.
„Членството во НАТО ни донесе сигурност, а темите на национализам и федерализација ги наметнуваат луѓето кои немаат реално што да понудат на граѓените на клучните прашања, а тоа се сигурност, економија и правда“, рече Шекеринска, додавајќи дека единствената партија која заговарала територијално решение на политичките проблеми е ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со предлогот на ДУИ за прв премиер Албанец да биде Насер Зибери, Шекеринска рече дека граѓаните ќе го кажат своето мислење на 15 јули и ќе одлучат кој ќе биде премиер и каков ќе биде составот на Владата.
„Мислам дека сите партии ќе се сложат дека без разлика на фолклорот за време на изборите, идниот премиер ќе биде Зоран Заев, да, Македонец но, кој ја има рекордната поддршка и кај Македонците и кај Албанците, Турците, Власите, Ромите, Бошњаците и кај Србите“, рече Шекеринска.
Избори 2020 кампања Радмила Шеќеринска СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.