Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска: Важно е да има договор со Грција до јуни

0
By Соња Петрушевска on April 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 20, 2018 17:21

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска вели дека преговорите за  името се непредвидливи, бидејќи  прашањето не зависи само од нас, но важно е да се постигне договор до јуни пред Самитот на НАТО  што треба да се одржи во јули.

Коментирајќи ја изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас дека нема време за влез на Македонија во НАТО, Шеќеринска вели дека земјава очекува да добие покана на јулскиот Самит, а извесно е дека членството  нема да се случи годинава.

„Ако решение се најде во јуни, тоа треба да донесе пресврт на Самитот во јули. Важно е процесот да успее, ако има политичка волја од двете страни. Македонија годинава не може да стане членка на НАТО, туку може да добие само покана која потоа треба да биде ратификувана во парламентите на земјите членки на Алијансата – период во кој Грција би се уверила дека се исполнува евентуалниот договор и од наша страна, кажа Шеќеринска.

Таа оценува дека за  Грција не е толку проблем членството во Европската унија, и дека има поголеми шанси да не блокираат за влезот во НАТО, но овие два процеса не треба да се одвојуваат. Шеќеринска напомена дека овој период колку и да е краток треба да се искористи, бидејќи во двете земји следуваат избори, (во Грција има  најави за предвремени избори во септемеври) што би го отежнале процесот на преговарање. „Под притисок на избори, потешко е да решавате вакви тешки прашања“ вели таа. Во актуелниот момент, Македонија има и „чисто досие“ во однос на другите реформи кои се бараат за влез во Алијансата и за добивање на покана се чека договорот со Грција.

Министерката за одбрана наредната недела патува за Америка на покана на  американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис. Ова ќе биде прва посета на македонски министер за одбрана на САД од 2012 година.

 

Коѕијас НАТО самит спор за име Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.