Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шест години затвор за Бобан Илиќ за прегазувањето на Алмир

2
By Нова ТВ on April 5, 2018 ПОЛИТИКА
Фото ТВ21
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 5, 2018 15:02

Бобан Илиќ пред две години го прегази 4 годишниот Алмир Алиу во Куманово по банална расправија со неговото семејство, е осуден на шест години казна затвор, пресуди денеск Кумановскиот Основен суд.

-Судот ги имаше предвид сите докази и закон рамки за или соодветна казна соогласно дејствијата кои ги презеле и настанатата ситуација. За останатите тројца, судот ја имаше предвид последицата, затоа е одредена минималната казна. Девет месеци затвор за другите двајца. На Илиќ му се засметува времето поминато во притво,  рече судијката Маја Денковска.

Обвинетиот Бобан Илиќ, кој се товари за „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, во врска со смртта на четиригодишниот Алмир Алиу, не беше присутен на изрекувањето на пресудата.

Исто така, во врска со овој случај, но за делото „насилство“ на казна затвор од 6 до 9 месеци осудени е и таткото и роднините на Алмир – Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу.

За адвокатот на семејството Алиу, Аcмир Алиспаиќ, казната од 6 години затвор за прегазувањето на детето е срамна и оцени дека се работи за „уште еден монтиран случај“.

-Иако сите не убедуваа дека казната е од 4 до 20 години судот не ги зема во предвид околностите губиток на животот на невино дете, па дури се осмели да ги осуди таткото, чичкото и братучедот на Алмир. Може да констатираме дека ова е уште еден во низата монтирани случаи од страна на ЈО Куманово и Судот. Јас како правник ќе продолжам да се борам и понатаму и ќе поднесем жалба до Апелација. Од почеток ЈО го водеше случајот за да дојдеме до резултат како што денеска заврши. За криумчарење мигранти се изрекуваат 9-10 години казни, а тука има губиток на 4 годинишно дете. Дефинитивно имаме проблем со правораздавањето кога станува збор за луѓе од албанска национална припадност,изјави Алиспаиќ по изрекувањето на пресудата.

Семејството на Алмир најави дека ќе поднесе кривична пријава против обвинителката која го водеше случајот како и против судијката која ја изрече пресудата.

Првично, на Илиќ му се судеше за убиство, но обвинителството во март се премисли за делото во завршните зборови, повикувајќи се на двете вештачења кои сега се спорни за дел од одбраната.

Обвинителката тогаш рече дека обвинетиот Бобан Илиќ извршил кривично дело „сообраќајна несреќа“ со што ја загрозил безбедноста на пешаците, возејќи со брзина од скоро 40 километри на час, но Илиќ не го извршил делото со умисла. По ова Илиќ беше ослободен од притвор.

При излегувањето од притвор, братот на Илиќ на семејството на Алмир му покажа среден прст, а потоа и беа упатувани закни кон нив.

Ова предизвика несогласувања во Јавното обвинителство, при што четворица обвинители отворено застанаа против одлуката за преквалификација, нарекувајќи ја неоснована, додека пак јавниот обвинител Љубомир Јовески го осуди нивното јавно обраќање и најави дека оваа нивна постапка ќе биде разгледа од етичкито совет.

Во меѓувреме и министерот за правда Билен Саљили си поднесе оставка, тврдејќи дека е од морални причини за овој случај.

Од ДУИ поднесоа барање за формирање работна собраниска група која ќе ги испита сите аспекти на случајот.

Досега се одржаа и неколку граѓански протести за правда за малиот Алмир, од кои два пред Јавното обвинителството, и еден неодамна пред Владата.

Алиспахиќ Алмир Илиќ пресуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.