Шест лица од кои три деца беа повредени откако жена со автомобил влетала во група луѓе пред Спортскиот центар во Њукасл, јави „Би Би Си“.

42 годишната жена веднаш била уапсена и моментално се наоѓа во притвор.

Како што јавува медиумот, едно од повредените деца има тешки повреди и се наоѓа во критична состојба. Овој инцидент, полицијата засега не го води како терористички напад.

Стотици граѓани пред Спортскиот центар го прославувале празникот Рамазан Бајрам.